ОДРЖАНА ВТОРАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ,,ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА” ВО ПЕХЧЕВО.

ОДРЖАНА ВТОРАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ,,ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА” ВО ПЕХЧЕВО.
ноември 03 22:08 2018

На 01.11.2018год. се одржа втората форумска сесија која е дел од проектот ,,Заедно за развој на општината”. Форумската сесија се одржа во кафе бар ,,Ким”-Пехчево со почеток од 15:00h, а на истата беа присутни претставници од локалната самоуправа, месните заедници, граѓанскиот и бизнис секторот и млади.

Градоначалникот на општина Пехчево, г-дин Драган Тренчовски презентираше дел проектите кои ќе бидат реализирани во 2019година. Тој истакна дека покрај овие проекти, како приоритети за реализација ќе бидат и предлозите од граѓаните на општина Пехчево коишто се од особено значење. Пред присутните беше презентиран и начинот од добивање до реализирање и имплементирање на еден предлог проект, со цел граѓаните да имаат јасна слика за целиот процес, но и за можните проблеми со коишто можат да се соочат при изготвувањето на техничката документација и аплицирањето на истиот.

Учесниците на оваа форумска сесија беа дел од вкупно шест работни групи, на теми:    Образование; Улици и патишта; Култура, туризам и рекреација; Животна средина; Комунални дејности и општинска администрација.

Тие ги презентираа своите предлог проекти кои се од особено значење за локалното население на општина Пехчево, а од кои на последната форумска сесија ќе бидат избрани за приоритетни и ќе влезат во програмата на општина Пехчево за идната 2019година.

На третата сесија, која ќе се одржи до крајот на месец ноември, сите предложени идеи ќе бидат рангирани од страна на учесниците и на крај ќе биде формирана мониторинг група која ќе го следи процесот на имплементација на овие проекти, но и ќе биде врска помеѓу граѓаните и локалната власт.

Проектот ,,Заедно за развој на општината”  го реализира Здружението за лековити билки и шумски плодови ,,Амброзија”-Пехчево во партнерство со општина Пехчево, во рамки на  проектот ,,Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, кој го спроведуваат  АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија, со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот. Главна цел на овој проект е да се вклучат граѓаните во креирањето и донесувањето на јавните политики на локално ниво, но исто така и остварување на контакт помеѓу сите засегнати страни, се со цел за подобро функционирање на локалната власт. Проектот се имплементира во период од 12 месеци, почнувајќи од месец март 2018 година со буџет од 8.000 евра.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.