ОДБЕЛЕЖАН 8 АПРИЛ СВЕТСКИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

април 09 00:36 2018

На денешен ден се одбележува светскиот ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот. 

Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна. Ромското знаме во долниот дел има зелена боја која ја симболизира земјата, а горниот дел е обоен со сина боја која го симболизира небото. Црвеното тркало кое се наоѓа во средина на знамето ги претставува патувањата и миграциите на Ромите.

По повод 8 ми Април светскиот ден на Ромите од страна на Општина Берово вчера вечер беше организирана коктел забава каде присуствуваа претставници од Општината додека од страна на градоначалникот Пекевски беа доделени награди на најдобрите ученици Роми во основното и средното училиште во Берово.

Со пораки за мир, љубов и среќа Беровските Роми испратија честитки до сите Роми во светот кои го слават најважениот ден во нивната историја.

Сепак долгогодишните социјални и економски проблеми кои се најприсутни кај Ромското население во Берово, сеуште се ставаат во последен план велат граѓаните Роми кои пред камерите на екипата на Малеш Нет ги искажаа своите незадоволства.

На четвртиот светски конгрес на Ромите одржан 1990 година во Полска, решено е 8 април, денот кога е отворен првиот конгрес во Лондон, да се прогласи за Светски ден на Ромите кој секоја година се одбележува во целиот свет.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.