Оглас за запишување на ученици во прво одделение во учебната 2021/2022 година во ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”

Оглас за запишување на ученици во прво одделение во учебната 2021/2022 година во ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”
мај 07 09:37 2021

Врз основа на член 61 и член 63 од Законот за основно образование(Службен весник на Република Северна Македонија бр. 161/19, 229/20), Ве известуваме дека ООУ,, Дедо Иљо Малешевски“- Берово, врши

ЗАПИШУВАЊЕ ВО I ОДДЕЛЕНИЕ
во учебната 2021/2022 година

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

Децата кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години (односно родени 2015 година).
2.По исклучок, детето може да се запише во прво одделение , доколку наполни шест години до 31 јануари наредната 2016 година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
3.Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

Уписот ќе биде во тек на месец MАЈ.

Децата се запишуваат во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува или
Децата може да се запишаат во друго основно училиште во истиот или во друг реон ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува и од учичиштето од реонот во кој живее или каде што постојано престојува.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

Извод од Матична книга на родените;
Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежната здравствена установа;
Потврда од извршен систематски преглед од стоматолог, издадена од надлежната здравствена установа (доколку при запишувањето на детето родителот не достави потврда за стоматолошки преглед, имајќи ја предвид моменталната ситуација може истата да ја достави пред започнувањето на учебната 2021/2022 година);
Потврда од извршен офталмолошки преглед од доктор специјалист, издадена од надлежната здравствена установа(доколку при запишувањето на детето родителот не достави потврда за изврешен офталмолошки преглед, потребно е да приложи упат за вршење на офталмолошки преглед, но веднаш по добивањето на истата родителот е должен да ја достави потврдата за изврешен офталмолошки преглед, но не подоцна пред започнување на учебната 2021/2022 година).

Од оваа учебна година Министерството за образование и наука воведе електронска услуга за упис во основно училиште, со која се дигитализира пријавата за упис и доставувањето на потребната документација до училиштата. Исто така, изработен е електронски систем за училиштата преку кој ќе може да се управува со поднесените пријави и придружната документација.

Електронската пријава ќе се врши од родители кои ќе имаат интерес пријавувањето да го вршат електронски, додека останува и можноста за нормалниот процес на физичка пријава во рамки на училиштето, како што беше и досега.
Пријавата со потребните документи треба да се достават во просториите на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски“- Берово (со физичко присуство), на денот наведен во поканата или електронски на Националниот портал за е – услуга достапна на веб страната www.uslugi.gov.mk, активна од 1 мај 2021 година.
ООУ,, Дедо Иљо Малешевски“- Берово


Директор
м-р Наташа Аврамска

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.