ОБЈЕКТИТЕ И ПАТОТ ДО КЛЕПАЛО СЕ РАСПАЃААТ.БЕРОВЧАНИ НЕ ВЕРУВААТ ВО СКОРО ОТВАРАЊЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН

ОБЈЕКТИТЕ И ПАТОТ ДО КЛЕПАЛО СЕ РАСПАЃААТ.БЕРОВЧАНИ НЕ ВЕРУВААТ ВО СКОРО ОТВАРАЊЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН
јануари 27 16:56 2022

Беровчани сеуште го чекаат отварањето на граничниот премин „Клепало“ кој три децении го ветуваат сите досегашни премиери и влади на Македонија.

Но додека конечно да профункционира долго очекуваниот граничен премин „Клепало“ објектите на граничниот пункт изградени од македонска страна уште пред 30 години се распаѓаат.Искршени се прозорците на објектите, насекаде има отпад, украдено е се што е вредно и се гледа дека овде со години ништо не е санирано. Патот кој води до границата со Бугарија е оштетен од послдните поплави во Берово реагираат граѓаните.

Деновиве пак како дел од состанокот на работната група за инфраструктура, транспорт, комуникации, помеѓу Македонија и Бугарија, заменик-премиерот и министерот за регионален развој и благосостојба, Гроздан Караѓов, и неговите македонски колеги, министрите за Транспорт и врски, Благоj Бочварски, и локалната самоуправа, Горан Милевски, се согласиле да ја забрзаат работата на граничниот премин Клепало.

Исто така на меѓувладината конференција во Софија, премиерите на двете држави Ковачевски и Петков, најавија дека до 2023 година ќе се отвори граничниот премин „Клепало“ кој претставува стратешкиот проект помеѓу Струмјани и Берово,а ќе обезбеди уште една врска помеѓу двете земји која ќе помогне во развојот на економската соработка и туризмот.

Беровчани се пак скептични и не веруваат во најавите за скоро отворање на овој граничен премин.Велат дека досега требало многупати да профункционира, но сите овие години се само ветувања и лаги.Алармираат на пропаѓањето на објектите и уништувањето на патот кој води до границата.

За лошата состојбата на ГПК „Клепало“реагираше и поранешниот функционер Фросина Ременски, која при посета на преминот на својата фејсбук страница напиша:

-Ќе беше добро бугарскиот премиер денес да можеше да помине на граничниот премин Клепало кај Берово, па да застане на чај од риѓен и буламач на бачилото Клепало или на качамак сос клиси на Аурора.Ќе беше добро, ако преминот беше пуштен како што најавуваа сите премиери и министри од 1993 година до денес, ама не е.Ако се видат последните вести преминот требало да биде пуштен на крајот на 2020 година, ама не е. Фалел асфалтен пат од бугарската страна од Струмјани до Клепало….

Линк од целата објава.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Ffrosina.remenski.tashevska%2Fposts%2F457105712520543&show_text=true&width=500

Бугарија почна да работи на подобрување на патиштата до идната точка пренесуваат бугарските медиуми. Бил извршен превантивен ремонт на околу 20 километри од третиот пат Струмјани – Раздол. За преостанатите околу 17 километри до границата е подготвен проект со две опции за изградба на патеката. Експертската комисија за АПИ ќе избере една од двете опции до крајот на февруари, по што ќе започнат потребните еколошки процедури.Министрите пак ги планираат чекорите за забрзување на изградбата на преминот Клепало. Првиот официјален состанок на заедничката експертска комисија за одредување на неговите параметри се очекува до крајот на февруари.

Инаку договорот меѓу  двете страни за отварање на овој граничен премин е потпишан пред 29 години.Дали новата надеж за Берво и Струмјани ќе стане реалност, останува да видиме во следниот период.

Во продолжение погледнете во анкетата што мислат Беровчани за отворање на граничниот премин „ Клепало“.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.