ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ
мај 09 14:37 2020

Почитувани сограѓани,

Согласно добиените информации од надлежните служби, Ве известуваме дека е регистрирано присуство на коронавирусот, кај житeл на општина Берово.

Ве информираме дека, надлежните служби, ги превземаат сите меки, со цел да не се дозволи понатамошно ширење на вирусот во Берово.


Како општина, спроведовме повеќе мерки во интерес на заштитата на јавното здравје и сме во секојдневна координација со институциите, но од исклучитална важност, е улогата на секој од нас.

Од нас се бара, најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и Светската здравствена организација. Посебно, да ја почитуваме мерката, со која се забранува собирање во групи, во паркови и на други јавни места. Воедно сакам да упатам апел, до сите граѓани, да не се крева паника и Ве повикувам на смирено и разумно однесување.

Сега, повеќе од било кога е важно, да се почитуваат мерките, да не излегувате без потреба и задолжително да носите заштитна маска, и доколку имате потреба да излезете, да држите дистанца од 2 метри, како што е пропишано со мерките. Мерките мора да се почитуваат, од нас зависи како и кога ќе се справиме со предизвикот наречен КОВИД 19.

Посебен апел упатувам, до сите малопродажни објекти, маркети и сите компании, кои вршат дејност, да се потрудат, уште повеќе, да обратат големо внимание на хигиената и придржувањето до пропишаните мерки на заштита. Со тоа ги штитиме нашите вработените и нашите клиенти, се штитиме сите нас. Со почитување на мерките, се грижиме за сопственото здравје, колективното здравје, здравјето на нашите најблиски, на нашите пријатели, на нашите семејства и колеги.

Берово и неговите граѓани, во огромен процент се придржуваа на мерките и затоа бевме една од општините во кои досега не беше регистриран вирусот. Верувам дека со доследна почит на сите мерки, ова ќе остане изолиран случај и ќе останеме без други заболени.

УШТЕ ЕДНАШ АПЕЛИРАМ, ОСТАНЕТЕ ДОМА, И ИЗЛЕГУВАЈТЕ САМО ДОКОЛКУ ТОА Е НЕОПХОДНО И ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ НА ПРОПИШАНИТЕ МЕРКИ, ТАКА ЌЕ ГО ЗАШТИТИТЕ СОПСТВЕНОТО И ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.