НОВА НАСЕЛБА ЗА МЛАДИ И СОМРЕМЕНА АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО БЕРОВО НАЈАВИ НИКОЛА МИЦЕВСКИ ОД БЕРОВО

НОВА НАСЕЛБА ЗА МЛАДИ И СОМРЕМЕНА АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО БЕРОВО НАЈАВИ НИКОЛА МИЦЕВСКИ ОД БЕРОВО
октомври 03 02:35 2021

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на вчерашната работна посета во Берово, оствари средба со граѓаните, на која беа претставени дел од проектите кои се предвидени во програмата на кандидатот за градоначалник на Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Елеонора Рашковска.

  • Промени,проекти,победи, е она што го бараат граѓаните.Заедно со кандидатот за градоначалник на Берово, Елеонора Рашковска, разговаравме со Беровци за проблемите, идеите и предизвиците на новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нова населба за млади, е еден од проектите, за кој што се обрврзуваме, дека во наредниот период, новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го направи за сите млади брачни парови во Општина Берово.Нова современа автобуска станица е исто така проект за кој се обврзуваме дека ќе го направиме, заедно со јавно приватно партнерство – рече Мицевски.

Тој во понатамошното свое излагање се осврна на уште неколку проекти од областа на туризмот, противпожарната заштита и уредувањето на шумите кои се предвидени во нивната програма за граѓаните на Берово.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.