НА СЕКОЈ ТРЕТ ЖИТЕЛ НА ИСТОКОТ МУ БАРАЛЕ ИЛИ ДАЛ МИТО.

јули 03 23:59 2018

На секој трет жител на Истокот му барале или дал мито за услуга или за завршување на некоја работа во државна институција. Ова се податоци од истражување направено од страна на МЦМС според кои дури половина милион жители од државата имаат некакво искуство со мито.

Корупцијата е толку вкоренета, што дури 35 % од младите помеѓу 18 и 29 години корупцијата ја прифаќаат како нормална појава.

Иако присуството на корупција е речиси јавно и очигледно, сепак, одвај 0,03 % од нив се откриени и завршиле со судска пресуда.

Ова , од една страна, е резултат на фактот што дури 89 % од оние на кои им било побарано мито тоа никаде не го пријавиле. Од друга страна,  е недовербата во судскиот систем, кој покрај здравството и царината, според анкетираните е високо на  листата на институции каде има корупција:

  • Особено загрижува доколку има корупција во судството , зашто тоа е орган кој треба да се бори против корупцијата во сите други институции, истакна Рената Дескоска, министер за правда.

Во обид да ја намали корупцијата, државата најавува нова вид на комисија која ќе се бори против сите облици на митаџиство:

  • Идејата е новата комисија да биде составена од експерти, луѓе коишто немаат политичка афилијација, а тоа го сметаме за некој вид предност – знаењето, но и политичката неврзаност како предност во смисла на исполнувањето на овие задачи коишто оваа антикорупциска комисија треба да ги има. Во рамки на оваа работна група покрај моделот на антикорупциска комисија, се разгледуваат и надлежностите на овој орган бидејќи ефективни надлежности но и јасни законски норми ќе бидат секако придонес кон подобро вршење на активностите на овој орган во рамките на своите надлежности, потенцираше Дескоска.

Колку сево ова ќе помогне, е прашање, зашто ланецот на корупција силно го држат и оние што бараат, но и оние што даваат. Раката што дава не само што не се сече, туку и побрзо и поефикасно завршува работа.

Извор: Тв Стар
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.