НА МЛАДИТЕ ОД ИСТОКОТ СЕ ПОЧЕСТО ИМ СЕ СЛУЧУВА ВТОР И ТРЕТ БРАК.

мај 25 23:39 2018

Жителите на Истокот се почесто се одлучуваат на втор па и трет брак. Дека животот и љубовта не завршуваат по разводот потврдуваат се поголем број брачни двојки .

Лани секој шести регистриран брак за еден од партнерите бил втор, а една година претходно, секој петти.

Имено, од вкупно 1.107 склучени бракови во 2017 година 168 биле регистрирани како втор, а 8 како трет брак на еден од сопружниците.

Во 2016 година бројот на склучени бракови изнесувал 927, од кои 175 биле втори, а 12 трети за некој од брачните другари.

По опшини, бројот на склучлени втори и трети бракови лани, изгледал вака: Штип 58 со 1; Кочани 43 со 1;  Делчево 21; Виница 12 со 2; Берово 10 со 2; Пробиштип 9; Каменица 8.

Инаку, на ниво на регион лани се регистрирани вкупно 1.107 бракови, што е за 17 % повеќе од претходната година кога биле регистрирани 927 бракови.

 

 

Извор: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.