НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО БЕРОВО, ПОВЕЌЕ ПРОДАВАЧИ ОТКОЛКУ КУПУВАЧИ.

НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО БЕРОВО, ПОВЕЌЕ ПРОДАВАЧИ ОТКОЛКУ КУПУВАЧИ.
ноември 20 21:01 2020

Понудата на тезгите на градскиот пазар во Берово, беша разновидна и богата, но и  покрај евтиниот пазар, граѓаните се помалку ги има.Причина за тоа е ситуацијата со корона вирусот и стравот кој е присутен кај населението.

Најголемиот дел од трговците ги продаваа бананите и протокалите 50 денари, мандарините 40 денари,лимонот чинеше 50 денари, доматите и пиперките се продаваа нешто поскапо со цена од 60 до 70 денари за килограм, спанаќот 60 денари а за еден сноп праз чинеше 250 денари.

Сепак Беровчани највеќе купуваат овошје овој период, а цените на градскиот пазар велат граѓаните се прифатливи.

Пазарџиите со кои поразговаравме, велат дека ситуацијата станува се потешка, куповната моќ на Беровчани е многу слаба, а штетата која ја трпат поради корона кризата директно влијае врз нивното производство каде продажбата на производите се намалила скоро 60 проценти.

Условите на градскиот пазар велат дека се задоволителни, но проблем им претставува немањето на канти за отпадоци и студот во овој период кој го трпат поради отвореноста на пазарот.

За една просечна кошница за четиричлено семејство, треба да издвоите од 1500 до 2000 денари велат граѓаните и тезгаџиите, што повеќето Беровчани не можат да си го дозволат поради ниските плати и пензии и отпуштањата од работа заради корона ситуацијата, додека минималната плата треба да изнесува 500 евра.

Освен овошје и зеленчук, на градскиот пазар во Берово можеше да се најде од се по нешто,мед, ореви, домашна ракија и вино, како и  производи од текстил, пластични садови за домаќинство. И продавачите на овие производи се жалата на слабата куповна моќ на Беровчани и големите трошкови кои ги имаат во овој период.

Се жалат и едните и другите, пазарџиите поради се помалиот број на луѓе по пазарите, додека Беровчани иако уплашени од кризата со пандемијата бараат производи со пониска цена за да можат да врзат крај со крај во месецот.

  Категории: