НАШИОТ ТАЛЕНТИРАНИ КОШАРКАР ОЛИВЕР ДВОЈАКОВСКИ, СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ НАСТАПУВА ВО АВ ОХРИД.

НАШИОТ ТАЛЕНТИРАНИ КОШАРКАР ОЛИВЕР ДВОЈАКОВСКИ, СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ НАСТАПУВА ВО АВ ОХРИД.
август 17 15:07 2018

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид го доведе во свите редови нашиот беровски кошаркарски ас, 21-годишниот Оливер Двојаковски, кој по седум минати сезони во Шпанија се враќа во Македонија. На претставувањето Двојаковски беше пресреќен што добива шанса во еден од нашите најамбициозни клубови.

„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе во клубот за професионалноста и за шансата која ми ја пружија. Ми беше презентиран проектот и тој многу ми се допадна, па без размислување ја прифатив понудата“, изјави Двојаковски.

Младинскиот репрезентативец, пред да дојде во Охрид, во Шпанија ги бранеше боите на Севиља, Аликанте и Ла Коруња.

Да му посакаме успех и среќа на Двојаковски.

  Категории:
напиши коментар

1 коментар

  1. Julijana
    август 18, 15:41 #1 Julijana

    Samo napred Oliver.Ti posakuvame golem uspeh bo karierata

    Reply to this comment

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.