НАШИНЦИ ОД ГЕРМАНИЈА ДОНИРАА 200 КГ ХРАНА ЗА УЛИЧНИТЕ ЖИВОТНИ ВО БЕРОВО.

НАШИНЦИ ОД ГЕРМАНИЈА ДОНИРАА 200 КГ ХРАНА ЗА УЛИЧНИТЕ ЖИВОТНИ ВО БЕРОВО.
јули 17 13:53 2018

Здружението за заштита на животните ПРО АНИМА од Берово доби повеќе од 200 кг сува храна, донација за уличните животни.Ова е прва помош, донација, од ваков вид дадена во Општина Берово, во моменти  на тотално отсуство на слух од страна на институциите,проблеми со негативниот однос на дел од локалното население спрема животните и неодговорното сопствеништво.Ситуацијата со уличните животните во Берово како што велат од здружението, допрела до Јулија и Глигорчо Тасевски,нашинци кои живеат во Германија,големи љубители на животните, каде до лани сета донација од нивна страна завршувала по други здруженија за заштитата на животните, бидејќи во Берово немало вако здружение.Оваа година,на нивно огромно задоволство,помошта е адресирана до Здружението за заштита на животните ПРО АНИМА Берово.

Претставници на здружението се сретнаа со Глигорчо и Јулија, со цел да се запознаат со активностите и животните за кои се грижиат од здружението.

„Јулија гледајќи ги,со солзи во очи,раскажува и го споредува односот спрема животните во Германија и тука!
Како таму се грижат и третираат животните,а како ние тука! Споредбата за нас е поразителна
Знаеме да споредиме какви се нашите плати и платите таму,ама дали некогаш ни текнало да ја направиме оваа споредба?
Јулија и Глигорчо ни ветија помош и залагање и во иднина.Веруваме дека ни претстои плодна соработка, како со нив, така и со други што ќе идентификуваат со нас и нашата цел„ – велат од здружението за заштита на животните ПРО Анима.

Инаку и покрај ангажирањето на шитерска служба од страна на Општината во висина од 200.000 денари за тертирање на околу 30 кучиња на почетокот на годината, не помогна многу за решавање на овој горлив проблем во нашиот град, каде и понатаму граѓаните се жалат на гледките со бездомните кучиња посебно на плоштадот во Берово.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.