НАШАТА БЕРОВЧАНКА ДАНЧЕ ГО ПОБЕДИ КОРОНА ВИРУСОТ: ЗНАМ ДЕКА НЕКОИ ЌЕ БЕГАТЕ ОД МЕНЕ – ЕВЕ ШТО ЌЕ ВИ КАЖАМ.

НАШАТА БЕРОВЧАНКА ДАНЧЕ ГО ПОБЕДИ КОРОНА ВИРУСОТ: ЗНАМ ДЕКА НЕКОИ ЌЕ БЕГАТЕ ОД МЕНЕ – ЕВЕ ШТО ЌЕ ВИ КАЖАМ.
април 20 16:41 2020

Драги роднини, пријатели, познаници, добронамерни и вие непријатели… сакам да ви соопштам дека успешно се изборив со оваа катастрофа што не снајде сите – наречена корона вирус и со два негативни теста успешно го совладав!

Да не заборавиме сите сме луѓе, полна вреќа и не знаеме што носиме во себе… не по моја вина, како и многу други и јас бев жртва на овој вирус, меѓутоа успешно го совладав. Како што сум била борец за се друго во животот така се изборив и против ова зло, ги преживеав и сите малограѓански муабети и победив за себе и за својата фамилија.

За сите вас што бевте со мене во овој тежок период па дури и за вас што не бевте, победив за МОЕТО ДЕТЕ, победив за СИТЕ ВАС! А вие не заборавајте да бидете луже, не заборавајте дека не сте непобедливи само изборете се и молете се за вас и вашите најблиски да сте добро и Господ да ве чува!

Бидете ми добри, чувајте се и почитувајте ги мерките кои ви ги кажуваат, само така ќе го зачуваме нашето здравје на нашите сакани.

Ве сакам сите па за брзо да се видиме секако тие што сакаат да ме видат, затоа што свесна сум дека ќе има и такви што ќе бегаат.

И на крај едно големо благодарам до сите што на било кој начин ми помогнаа да не ги набројувам да не пропшутам некој „ВИ БЛАГОДАРАМ ЛУЃЕ“.

Фејсбук статус на Данче Шишовска

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.