Намалувањето на лековите од 01 април – излезе првоаприлска шега. Пациентите плаќаат и до трипати повисоки партиципации.

април 04 16:44 2018

Најавеното намалување на лековите од 01 април – излезе првоаприлска шега. Пациентите сега плаќаат и до трипати повисоки партиципации. Ова особено се однесува за лекови за простата каде разликата во партиципацијата е најочигледна и нејголема:

  • Користам лек за простата, до минатиот месец плаќав 50 денари, сега ми обараа 180, ова ли е тоа намалување. Ако веќе не ги намалиле бараем да останеше истата партиципација, а не ова волку поскапо, рече пациент од Штип.

Исто е и со другите лекови, особено оние за покачен крвен притисок:

  • Купив две кутиички за висок крвемн притисок и платив 300 денари, нема поевтини, пациентка.

Добар дел од пациентите сепка овој месец не ја зедоа редовната терапија во надеж дека поевтина ќе најдат во друга аптека, зашто новите цени се прескапи за нивните примања:

  • Се е поскапо, нема поевтино, јас вака не можам д аги покријам трошоците. Мојата пензија од 9.000 денари нема да ми стигне само за лекови, рече друг пациент.

Набавката на лекови, месецов за пациентите помина многу лошо, зашто тие беа убедени дека ќе се лекуват за помалку пари. Така пред неколку денови им најави министерот лично, кој јавнои кажа дека 40 до 50 отсто од лековите граѓаните ќе ги плаќаат по пониска цена. Според министерот Филипче, опфатени се сите групи на лекови од позитивната листа. Заштедата се проценува на повеќе од 2,3 милиони евра:

  • Заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993.000 евра, додека кај иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра или вкупно 2.381.600 евра. За компарација во 2016 година вкупната заштеда кај оригинаторните и генеричките лекови изнесувала 1.126.000 евра, а во 2017 заштедата изнесувала 398.315 евра, Венко Филипче, министер за здравство.

Зошто, во пракса она што беше најавувана како поевтино, излезе многу поскапо:

  • Намалени се т.н. референтни цени, односно цените на Фондот. Ако референтната цена на лекот била 50 денари, сега е 25. Но, тоа се однесува само на еден лек што има најниска цена, односно лек од само една фирма. Ако пациентот не го сака тој лек, туку лек од друга фирма, мора да ја плати доплатата, а поради намалената референтна цена таа сега излегува повисока, зашто треба да се доплати цената за бараниот лек, но и разликата  од референтната цена, објасни Дафина Кукушева, фармацевт.

Инаку, на актуелната состојбата со цената на лековите , реагираше и партијата Левица, според која ова е резултат на неусогласеност меѓу интересите на капиталот и обичниот човек, во случајов пациентот.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.