НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НОВИНАРИТЕ ОД ИСТОКОТ МУ ДОДЕЛИЈА НА БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ – ЗЕГИН.

НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НОВИНАРИТЕ ОД ИСТОКОТ МУ ДОДЕЛИЈА НА БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ – ЗЕГИН.
април 03 21:40 2021

Новинарите од регионалниот центар „Исток“ во состав на ЗНМ на денешната средба во Кочани ги доделија наградите на најдобрите репрезенти на Источниот регион за 2020 година.

Добитници се:

1.Стопанство: ДИК Фагус-Пехчево, за инвестиции и континуиран развој кои овозможија во општината од која младите се селеа да се отворат 400 работни места. ДИК Фагус годинава ќе ја отвори и фабриката Огражден во Берово каде ќе има работа за 150 лица.

2.Здравство: Инфективното одделение при клиничка болница Штип. Докторите, медицинските сестри, болничарите, хигиеничарите подолго од една година си ги посветија своите животи на здравјето на заразените од Ковид 19.

  1. 3Туризам – туристички развој на Пониква во 2020 година што го направи Општина Кочани со што овој единствен зимски туристички центар во регионот стана мошне привлечна и посетена туристичка дестинација.

4.Наука – Факултет за природно-технички науки при УГД за соработката и придонесот кон доброто работење на нашите рудници.

5.Општествена одговорност – Фирма „Брегал“, Делчево за бројни донации на институции и поединци во оваа општина како и вон неа.

6.Невладина организација – ФРЛЗ, Штип за бројни проекти од значење за развојот на регионот:

7.Хуманост – Дарко Гоцевски, Македонска Каменица, за многубројните хумани активности за помош и поддршка на ранливи категории граѓани од Општина Македонска Каменица:

8.Образование – Иле Михајловски, наставник од Свети Николе, повеќекратно наградуван за својата работа со учениците и посебно за работата со децата болни од аутизам:

9.Новинарство – Столе Наумов, новинар на Канал 77, за емисијата Стадион зад која стои неговиот впечатлив новинарски ракопис,

10.Спорт – Кире Лазаров, Свети Николе, наша национална легенда и моментално селектор на ракометната репрезентација на Македонија.

11.Екологија – Орце Николов од Кочани, зачетник на движењето за здрав воздух…

12.Култура/литература: Васил Маневски, Тработивиште, Општина Делчево за трите книги издадени во минатата година:

13.Инвентивност – Здружение „Оризова братимка“ општина Чешиново-Облешево, за производство на би-смарт ориз:

14.Странска амбасада – Велика Британија за бројните донации во регионот и посебно во развојот на медиумите:

  1. ЖИВОТНО ДЕЛО – БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ, сопственик на ЗЕГИН, првата приватна компанија за продажба и производство на лекови во нашата држава…

Признанијата на добитниците ќе им бидат доделени на свечената вечер под наслов „Источни оскари“ која е планирано да се одржи во месец јуни/јули во туристичкиот бисер Аурора на Беровско езеро, настанот ќе биде на отворено и со спазување на сите здравствени протоколи.

(Исток прес)

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.