(ВИДЕО)МУСЛИМАНИТЕ ГО СЛАВАТ РАМАЗАН БАЈРАМ

(ВИДЕО)МУСЛИМАНИТЕ ГО СЛАВАТ РАМАЗАН БАЈРАМ
мај 02 11:18 2022

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалаци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Годинешниот Рамазан Бајрам, беше одбележан и во исламскиот центар на Ахмадија Муслиманската заедница во Пехчево со утрински Бајрам намаз и предавање од страна на имамот Васим Ахмад, каде членовите упатија честитки со желба за толеранција, хуманост и вистински вредности за најголемиот муслимански празник на сите верници.

Рамазан, деветтиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

Во текот на рамазанскиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните.

Рамазан Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодат и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

  Категории: