МЛАДИТЕ ЏЕНТЛМЕНИ ОД БЕРОВО.

МЛАДИТЕ ЏЕНТЛМЕНИ ОД БЕРОВО.
март 08 13:44 2021

Со каранфили во рацете и насмевки на лицата младите активисти од УМС при ОК ВМРО ДПМНЕ од Берово, денеска на припадничките од понежниот пол им го честитаа меѓународниот ден на жените, 8ми Март.

Упатени од повеќе места на Берово према Плоштадот Димитар Беровски, момчињата им го разубавија денот на девојките и жените, кои ги сретнаа патем со честитките дека нивните сограѓанки не ги забораваат.

“Тие се нашите баби, мајки и тетки, тие се силата на нашите фамилии и општество со кои животот почнува и продолжува. Тие не родиле и пораснале, тие се мајки, тетки и стрини, тие се нашите баби. Пркосни и горди да застанат зад своите чеда секогаш и секаде, нашите водилки во животот и нашите огништа, најутешните зборови но и најголемите критичари, изворот и огледалото на амбицијата и ентузијазмот да се биде и мајка, и сопруга, и домаќинка и вреден работник. Тие се не уморни светилки во нашите животи. Нека им е среќен 8ми Март на сите припаднички на понежниот пол, да бидат борбени, убави и достоинствени секој ден, а ние мажите тоа да не го забораваме и секој ден да им подаруваме внимание, почит и љубов зошто тоа го заслужуваат,” истакнаа младите џентлмени од УМС од Берово.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.