МЛАДИНСКА АКЦИЈА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УРБАНАТА ОПРЕМА ВО БЕРОВО

МЛАДИНСКА АКЦИЈА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УРБАНАТА ОПРЕМА ВО БЕРОВО
февруари 21 18:45 2022

Во рамките на активностите на општина Берово  за промовирање на меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на младите, Тимот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието и Општина Берово, денеска реализираа младинска акција за зачувување на урбаната опрема во паркот на Кеј на река Брегалница во Берово.

Во акцијата се вклучија ученици од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, ООУ ,,Никола Петров Русински” и ОСУ ,,Ацо Русковски”, давајќи свој придонес кон чување на урбаната опрема во градот  и успешно ги офарбаа дрвените елементи на речиси сите клупи во паркот.

Акцијата доби поддршка и од градоначалникот на општина Берово и од вработените на ЈПКР ,,Услуга” Берово.

Општина Берово го прифати предизвикот интензивно да работи на унапредување на меѓуетничката кохезија во образовниот систем и да создаде услови за непречено граѓанско учество на младите во средината во која учат и живеат.

Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, организирани се   заеднички активности за МИО, преку организирани меѓуучилишни средби, на кои се споделуваат искуства, се стекнуваат нови познанства, се планираа заеднички наставни и воннаставни активности.  Исто така формирана е комисија, изготвена е Стратегија и Акциски план,   а активностите се изведуваа со поддршка од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), кој е национален имплементатор на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.Во текот на месец мај и јуни 2021 , беа одржани zoom  состаноци со младите / ученици од трите училишта на територијата на општина Берово, на кои младите истакнуваа приоритети.

Во рамките на истиот проект, поставени се клупи за одмор и рекреација на повеќе локации во градот и канти за отпадоци на територијата на општина Берово.

  Категории: