МИНИСТЕРКАТА МИЛА ЦАРОВСКА НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ВО БЕРОВО „УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО“.

МИНИСТЕРКАТА МИЛА ЦАРОВСКА НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ВО БЕРОВО „УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО“.
февруари 22 20:25 2021

Од 450 компании од цела држава, 85 % искажале подготвеност да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава- покажала анализата на Министерството за образование и наука кое активно работи на унапредување на средното стручно образование.
Ова беше истакнато на сесијата во Берово која се одржа под мотото „Учи паметно, работи стручно”, на која присуствуваа министерката за образование и наука, Мила Царовска, компании од регионот, претставници од стопанските комори, средните стручни училишта од Берово, Пехчево, Делчево и М.Каменица, како и градоначалниците од овие Општини.

Со директорите на средните стручни училишта и претставниците на реалниот сектор и на градоначалниците од регионот се разговара за образовните профили кои треба да се отворат во учебната 2021/2022 година, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска во Берово.

Работилницата ја отвори беровскиот градоначалник, како домаќин, кој го посочи интересот за угостителско туристичката струка во Берово, додавајќи дека соработка е остварена и во текстилно кожарската и во дрвно преработувачката струка.Како што истакна Министерката за образование и наука, Мила Царовска, овие средби се организираат со цел да се воспостави успешна реформа во училиштата, да се врати довербата и компаниите да ги отворат вратите на училиштата, каде што учениците ќе можат практично да учат. Понатаму како што додаде таа, ќе се формираат дуални паралелки, кои треба да покажат продуктивност. За моделот да биде успешен, најави стипендирање за технички струки, со што учениците ќе бидат мотивирани да се запишуваат на истите.Градоначалниците на Македонска Каменица, Делчево и Пехчево ги итакнаа состојбите на локално ниво, ставајќи акцент и поздравувајќи ја идејата на МОН за овој концепт, кој ги вклучува сите инволвирани страни, кој на долг рок, би требало да даде видни резултати и унапредување на процесот на стручно образование.На самата средба, се отвори дискусија и имаше можност да се слушне, со какви проблеми, се соочуваат компаниите, какви се реалните потреби на пазарот на труд и кои стручни профили им се потребни.Во периодот што следи, директорите на средните училишта, ќе имаат задача, врз основа на денешната средба, во рок од 5 до 7 денови, да поднесат барање до МОН, кои профили ќе ги верифицираат. Пораката од денешната регионална средба со Министерката Царовска е јасна: ,,Заеднички градиме успешни генерации” , што ако секој поединечно го сфати и придонесе во заедницата, бенефит ќе имаат локалните заедници, стопанството и секако целата држава.

Во продолжение видео изјави на министерката Царовска и градоначалниците на Берово,Пехчево,Делчево и М.Каменица.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.