МАЛЕШЕВЦИ ОД ДИЈАСПОРАТА, СО ДОНАТОРСКА КАМПАЊА ЗА ПОМОШ НА ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ МАЛЕШ.

МАЛЕШЕВЦИ ОД ДИЈАСПОРАТА, СО ДОНАТОРСКА КАМПАЊА ЗА ПОМОШ НА ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ МАЛЕШ.
декември 04 01:00 2020

Успесите и позитивните резултати на фудбалскиот клуб Малеш од Берово, кој се натпреварува во Третата фудбалска лига Исток, ја активираа Малешевската дијаспора во САД  да придонесат за помош на клубот. Апелот за помош и љубовта кон градскиот фудбалски клуб Малеш, допреа  до нашиот сограѓанин Александар кој повеќе години живее во Америка,да организира онлајн донаторска кампања  на која како што вели досега донирале задоволителен број наши сограѓани.Долгогодишното искуство во повеќе вакви кампањи  додава Александар, досега собрале стотици илјади долари, а  неговата искрена намера да помогне, допринело да се роди оваа иницијатива.

  • Имајќи долго искуство со донаторски кампањи за неколку непрофитни организации низ САД, веднаш му ја предложив идејата на тренерот Дамјан. Моите кампањи имаат соберено стотици илјади долари за Make a Wish и Children’s Organ Transplant Association преку годините, и мислам дека ќе имаме добар одзив и сега. Од Малеш ми ветија дека се ке биде транспарентно, и секој еден долар ќе биде искористен за потребите на клубот. Јас им верувам 100%, и знам дека имаат искрени намери да го поткренат клубот на ниво на кое му доликува на еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија.
    Љубовта кон фудбалот, а посебно Малеш ми е врежана во срце од мал. Кога играше Малеш, јас и татко ми Кирил и мојот брат Дарко остававме се за да одиме на “утакмица” натпревар. Многу пати имавме одено со екипата на гости, а никогаш испуштено домашен натпревар. Недела на домашен терен беше како празник! Трибините беа исполнети до последното место, и имаше еуфорија која го поткреваше адреналинот до максимум.
    Оваа кампања е нешто најмалку што можам да направам за Малеш и им посакувам многу успех на управниот тим, и на сите играчи. Голема благодарност за сите што досега имаат донирано, а имам верба дека ќе има уште повеќе!

Донациите се претежно од наши сограѓани од САД, вели Александар, но има и од други делови од Македонија и Дијаспората. Досега се донирани над $1,500 долари,.Тој упати апел до сите иселеници во светот доклку се во можност да донираат и да се вклучат во капмањата.

  • Еден апел до сите наши иселеници низ целиот свет, да ја споделуваат кампањата почесто и доколку се во можност да донираат. Уште еднаш огромна благодарност за сите донатори, без нив мојата иницијатива не значи ништо. Берово заслужува да има клуб во националните лиги, и ОФК Малеш е на прав пат да го оствари тоа. Главата горе момци!
    Напред Малеш!

Во спорот се потребни многу средства за еден клуб да опстојува, а амбициите на нашиот фудбалски бисер од Берово за влез во вторта фудбалска лига налагаат поголеми финансии рече претседателот на клубот Новица Печински.Новата управа на клубот додаде Печински се бори на транспарентен начин да го воздигне клубот на нивото кое го заслужува, а сето тоа не би успеало без поддржката од локалните претпиемачи, Општината и сите кои допринесуваат за фудбалот во градот. Тој упати голема благодарност до Александар и сите кои се вклучија во акцијата за донирање.

Инаку фудбалскиот клуб Малеш моментално се наоѓа на второто место на табелата во Третата фудбалск лига Исток.Следното коло на градскиот стадион во Берово Малеш го пречекува последно пласираниот клуб од Василево, а борбата за есенскиот шампион ќе се одлучува во последното коло со првопласираниот тим Брегалница од соседно Делчево, кој моментало има еден бод предност над ОФК Малеш.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.