,,МАЛЕШЕВКА’’ СЛАВИ 10 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ КАКО СОСТАВЕН ДЕЛ ОД БОГАТИОТ РЕПЕРТОАР НА АНСАМБЛОТ „ТАНЕЦ“.

,,МАЛЕШЕВКА’’ СЛАВИ 10 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ КАКО СОСТАВЕН ДЕЛ ОД БОГАТИОТ РЕПЕРТОАР НА АНСАМБЛОТ „ТАНЕЦ“.
декември 26 02:14 2020

Богатиот репертоар на светски реномираниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ од Скопје, одбележува 10 годишен јубилеј од кореогравска постановка ,,Малешевка’’ која и од самото име ни кажува дека потекнува од Малешевскиот предел. Поточно на 24.12.2010 година, кореографијата беше претставена пред рецензионата комисија на ансамблот „Танец“, па за постановката ,,Малешевка’’ беше дадено мислење да биде составен дел во репертоарот на „Танец“.

Автор на кореогравската постановка е Блажевски Јовица, долгогодишен професионален играорец и кореограф, вработен во ансамблот Танец уште од 2001 година, воедно автор уште и на четири кореогравски постановки како што се: Посеље,Пијанец,Кумановка,Радовишки собор.

Музичката обработка е на двајца автори, Сашо Митев професионален иструменталист, вработен во ансамблот Танец, како и Влатко Терзиски исто така професионален истументалист вработен во ансамблот Танец, кој потекнува од Малешевијата.

Авторот на кореографијата „Малешевка“ Јовица Блажевски за нашата редакција истакна дека испирацијата за кореографската постановка доаѓа од богатата фолклорна традиција во Малешевијата,кој пред десетина години го посетил Берово и околните средини па со истражувањето заедно со соработниците и информаторите од овој крај ја создал прекрасната Малешевка која е сплет од неколку обработени малешевски ора.

  • Самата кореогравска постановка е испирирана од богатата фолклорна традиција во Малешевијата,обработени се неколку ора (Беровка, Малешевска четворка, Испајчето, Пантево оро) како и песната ,,Јано тенка малешевко’’. За создавање на ова дело големи заслуги имаат неколку културни институции, културни уметнички друштва од Малешевијата, голем број на информатори љубители и негувачи на фолклорната традиција од тој крај. Сепак  мора да споменеме дека најголема заслуга имаат тогашниот директор на Домот на културата во Берово, Глигор Мамучески, како и Мило Дестаноски голем љубител, познавач и чувар на малешевската фолклорна традиција. Кореогравска постановка ,,Малешевка’’ зазеде високо место во репертоарот на ансамблот ,,Танец’’. Таа од страна на публиката  секаде е наградена со многу аплаузи, впрочем реакцијата на публика треба да се доживее, подруго неможе да се објасни, никаде не поминува без да се изигра уше еден бис. Секако како автор мора да истакнам дека сум многу горд на истата и ако би требало да одвојам една од моите авторски дела, тоа би било токму Малешевка – вели Блажевски.

Афирмацијата и негувањето на Малешевскиот фолклор и ора исто така веќе подолго време ја афирмира и нашиот добро познат сограѓанин Мило Дестановски, кој освен што соработувал во креирањето на оваа кореографија, тој исто така малешевската богата ризница на ора и песни ја презентира во Америка, со одржување на најразлични семинари и часови за играње токму на нашите ора.

  • Јас како заљубеник во нашиот малешевски фолклор, а исто така и долгогодишен инструменталист на зурла, овде во Америка имав можност да ја претставам нашата култура на најразлични луѓе од целиот свет. Навистина сум изненаден од заинтересираноста на луѓето овде за овој вид музика и игра токму од мојот роден град Берово, кој постепено се повеќе се претставува во САД, а повеќето се млади кои несебично ја истражуваат Малешевската култура.Да ви кажам пресреќен сум за тоа и ќе продолжам додека можам да го презентирам нашето богатство, кое ретко некој друг го поседува во толкаво изобилство од сплетови на етно малешевски звуци и ора – вели Дестановски.

Инаку не само во ансамблот ,,Танец’’ туку и не постои културно уметничко друштво, аматерски фолклорен ансамбл во нашава држава, како и македонски фолклорни ансамбли по светот, а да ја немаат застапено во својот репертоар „Малешевката“.

Мора да се каже дека истата ја изведуваат ансамбли од други држави ко што се ансамблите од Србија, Црна Гора, Русија па дури и од Јапонија и Кина.

  Категории: