МАЛЕШ НЕТ КОЛУМНА:СКЕПТИЧКА ПЕРЦЕПЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКИОТ РАЗВОЈ ИЛИ НЕОПРАВДАН СТРАВ ОД НОВО НУЖНО ДОБРО???

МАЛЕШ НЕТ КОЛУМНА:СКЕПТИЧКА ПЕРЦЕПЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКИОТ РАЗВОЈ ИЛИ НЕОПРАВДАН СТРАВ ОД НОВО НУЖНО ДОБРО???
април 20 22:43 2020

Пред извесно време пишувајки за социо – економскиот импут на Ковид 19,свесно ја начнав 5Г темата цитирајки го др.Томас Коуан еминентниот научник, кој ширењето на пандемијата го поврзува со 5г мрежата тврдејќи дека биолошките организми се како рецептори на овие бранови,некои се прилагодуваат,други се во еден вид хибернација а трети изумираат.

Сакам да истакнам дека во оваа поле сум обичен лаик,но со резерва ги земам тврдењата на скептицистите во таа мера исто колку што им верувам на присталиците на доброто од развојот на оваа мрежа.Слободно себе можам да се свртам во таа категорија на скептици иако имам одредена резерва за тоа,по здравата логика но која сум учен да расудувам го налага ова.Пред логички да резонирам сакам да истакнам дека по социјалните мрежи е многу примитивно.Технолошкиот скептицизами страв да се поистоветува со резонот на еден пештерски човек,исто како што е недолично одредена група на скептицисти вулгарно да настапуваат кон присталиците на 5Г.Зборувате за цивилизациски и технолошки а едни спрема други немате ниту почит, ниту речник да го искажете своето знаење,или слободно можам да кажам не знаење за ова нова настаната ситуација.

Значи имаме вистински примитивизам во комуникација,а парадоксално зборуваме за петта генерација во комуникацискиот систем.Моето незнаење, е видување на логичко последователно расудувсње,засновано на оскудните податоци достапни за 5Г.

1.По прво би верувал на научник како др.Томас Коуан,одколку на одредени платеници кои промовираат безрезервно добро од 5Г.

2.Дали навистина мислите дека некои од петни жили, само се труди да ја подобри и така брзата 4Г мрежа, само вие да имате поквалитетна комуникација? Да не ја изоставивте милитарната технологија? На кој највеќе му треба брзина со грешка од 10 мили секунди од дадената команда, иста брзина со која нашите рецептори реагираат? Каде оваа технологија ќе најде најголема примена? Логички е автомобилската индустрија да ја користи за подобрување на авто – пилотите што е во одредена мера добро.

Тоа што мене ме плаши е подоцнежната примена, во следење и контрола на светската популација. Методите кои ги користи ЦИА и НАСА ги обелодени Сноуден, кој бил згрозен од начинот на имплементација на истите,а сега со 5Г мрежата се добива брзина,достапност и креација на нови модели за функционирање на тие структури. Друга можност која се нуди, е создавање на милитарна машинерија за исполнување на секоја дадена задача со иземање на човековиот морал и свест и ставање пред се интересите на структури кои сакаат креирање на нов ред и поредок во светски рамки. Сега некои ќе речат па имаме светски мир го имаме НАТО или што ти ја знам,тогаш од каде потреба милитарните буџети да бидат највисоки.

Досегашното размислување не ми понуду ниту една корисна работа од 5Г технологијата.Сакам некој од присталиците на имплементацијата на истата,да излезе и да каже како истата ќе донесе подобср живот и кои се нивните видувања за корисно делување во медицината, во социо – економскиот развој, во концептите за само одржливост и зачувување на планетата земја. Ве молам просветлете ме ! Со должна почит,Ви благодарам

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.