ЛАГ-ОТ МАЛЕШ ПИЈАНЕЦ ГИ ДЕФИНИРАШЕ ПРИОРИТЕТИТЕ.

мај 08 16:45 2018

ЛАГ-от Малеш-Пијанец ги дефинираше приоритетите, на чија реализација ќе се фокусира во периодот што следи:

  • Приоритети се земјоделието, диверсификација на руралните средини и одржливо користење на природните ресурси, изјави Јасмина Пашалиска, прет. на ЛАГ Малеш – Пијанец)

Дополнително мора да се работи и на уогласување на стратегиите на локално и национално ниво:

  • Мора да се усогласат плановите за развој на микрорегионите, како дел од програмите за развој на макро регионот, кажа Пашалиска.

ЛАГ-от Малеш Пијанец го сочинувата општините Берово, Делчево и Пехчево. Формирањето на ЛАГ –от „Малеш Пијанец“ е согласно Лидер пристапот за поддршка на руралниот развој кој се имплементира во земјите на ЕУ и Македонија како земја кандидат за ЕУ, а е насочен кон развој на руралните средини.

Инаку освен  Малеш Пијанец, во Истокот функционира и ЛАГ Плачковица кој ги обединува општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче, како и ЛАГ Брегалница во чиј состав влегувата 6 општини – Кочани, Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево, Македонска Каменица и Пробиштип.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.