Криминал со дрва вреден стотици илјади евра се случувал во беровско Русиново. Инволвирани се фирма и поединци од шумска полиција.

мај 26 19:09 2018

Голем криминал со дрва се случувал во беровското село Русиново. Според информациите на ТВ Стар, автори на кражбата која веројатно траела со години се сопружници од истото село кои имале фирма за транспорт на дрва и силна логистичка заштита од поединци на тамошната шумска полиција.

Нашите соговорници  кои не контактираа тврдат дека во изминатиот период најмалку два камиони дневно крадени дрва заминувале за Кочани и други места во Источниот регион. Колкав период точно се случувал овој организиран криминал ќе се утврдува, но нашите соговорници се категорични дека станува збор за времеснки опсег од повеќе години во кој непречено функционирала спрегата помеѓу сопружничката фирма и поединци од шумската полиција. Во него, според најгруба калкулација поединци незаконски се исечени десеттици илјади кубни метри дрва, а во џеб сопружниците и нивните соработници ставиле стотици илјади евра.

ТВ Стар во текот на денот ги контактираше надлежните во Министерството за  земјоделство од каде ни потврдиј дека случај има и дека на него се работи.

Случајот за кој се интересирате ни е познат и веќе постапка се води. Освен што има индиции за голем криминал посебна тежина на случајот му дава и фактот дека е можно во него да е инволвирано и лице вработено во шумската полиција, сопружник на  лицето за чија фирма се сомневаме дека се занимава со транспорт  на дрва.Во моментов други информации со јавноста не можеме да споделиме  во интерес на истрагата  во која  веќе се вклучени и други институции“, изјави висок претставник на Минситерството за земјоделие за ТВ Стар кој побара анонимност .

Овој случај веројатно ќе има институционална разврска, но според зборовите на нашите соговорници тој не е единствениот.  Според нив, кражбата на дрва досега добра можност за големи пари била на  многумина но службени случаи, немало. Во овој контекст се споменуваат бивши полициски функционери, нивни блиски но и  градоначалници и други лица блиски до власта.

За кражби од помали размери и не станува збор зашто во Малешевијата, нив ги има секојдневно и тие според тамошните критериуми се  речиси нормална работа.

 

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.