КОНЦЕРТ НА ИГОР ЏАМБАЗОВ И ГУРУ ХАРЕ НА ЛЕТНАТА СЦЕНА ВО ДЕЛЧЕВО.

КОНЦЕРТ НА ИГОР ЏАМБАЗОВ И ГУРУ ХАРЕ НА ЛЕТНАТА СЦЕНА ВО ДЕЛЧЕВО.
јули 23 15:10 2018

На концерт кој на 7 август со почеток во 22 часот ќе се одржи на летната сцена пред Спомен-дом АСНОМ во Делчево ќе настапат еден од најпознатите шоумени во Македонија, водителот, актер и пејач Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе со кого веќе низа години наназад настапуваат пред многубројните фанови ширум државата. Како предгрупа ќе настапи “sheXpeare band”.
Концертот е дел од кампањата “Да ја поддржиме приказната на Делчево”, во чии рамки на 7 август во Ресторан Либеро ќе се одржи и Бизнис-форум на кој ќе бидат престатавени можностите за инвестиции и услови кои ги дава Општината согласно со законските надлежности.

На настанот освен презентација на Делчево низ историјата и вредностите на Општина Делчево, ќе бидат презентирани и проектите кои се во тек и во фаза на планирање за реализација, а во рамки на истиот предвидено е и одржување дебата насловена “Идеи за развој на Делчево”.
Следниот ден на 8 август од 19 до 24 часот на летната сцена во непосредна близина на манастирот Свети Пантелејмон под врвот Чавка на планината Голак ќе се одржи и Меѓународниот фолклорен фестивал “Голачки фолклорни средби.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.