КОЛУМНА: ДВОЈАЗИЧНА ПЕРСПЕКТИВА ИЛИ ПЛАЌАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ ДОЛГ

КОЛУМНА: ДВОЈАЗИЧНА ПЕРСПЕКТИВА ИЛИ ПЛАЌАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ ДОЛГ
март 20 02:15 2018

Зборувајќи за преспектива ќе се обидам да резимирам некои мои погледи од бледата нужност на хибридно демократизираниот изгласан закон за двојазичност.

Мојата преспектива како секој поединец ја согледувам од свој агол. По потекло од таткова страна сум Србин роден сум во Македонија, деклариран македонец по државјанство и припадност кои на факултет ме чинеа приватна квота, поради друг смешен закон за малцинста и рамки од дваесет проценти. Моја земја татковина е Македонија, мојот јазик е македонски. Кој фактор се албанциве од друг агол да ја согледуваат истава ситуација? До кога нивните националистички апетити ќе ги храни запад со нашава кревка демократија?

Да се навратам на преспективата. Во иднина овој закон ќе создаде биполаризација на меѓуетнички односи. Македонскиот народ ќе стане инфериорен, Албанциве ќе ги уживаат сите права во Македонија ,како да се во Албанија и тоа на цела територија. Ќе се зголеми одбивноста кон македонскиот јазик, идниве генерации на албанци ќе живеаат во затворен круг без нужност за познавање на македонскиот јазик што во ниедна земја не е случај. Официјализирање на јазик може да имплицира територјални претензии за голема Албанија, всушност јазикот е мост на тој сон, чекор до остварување на Илирида. Најбогатите македонски градови може да дојдат во нивни раце. Тоа е што се однесува до преспективата НУЖНО НЕПОТРЕБНА!!!

Законот за двојазичност е аминување на попис. Нашава држава е бојкотирана да спроведе попис затоа што албанци повеќе од 14 проценти нема. Рамковниот паѓа, паѓа и законот за употреба на јазици и знамиња. Спас е неуставниот закон за двојазичност на цела територија, во тој случај се занемаруваат одредбите од рамковниот закон и албанциве со 14 проценти ги уживаат сите права како и македонското мнозинство. БАНАЛНОСТ!!!

Законот за двојазичност оптеретување на буџетот. Патна сигнализација, регистарски табли, лични карти, табли во институции, униформи, пари итн мора да бидат и на албански. ПРЕСЕДАН во светски размери…

Политички долг.

Дали една фотеља вреди етикета за предавник. Дали цената на доаѓање на власт  е овој неуставен закон. Дали албанскиве милиони за кампањи и слично вака се оправдуваат.  До кога ќе бидеме уценувани како нација. Во прашање е опстанокот на Македонија , татковина на македонцте и сите етнички заедници кои живеат во неа. Албанциве не смеат да бидат клучен фактор, тие се само етничка заедница која ужива највеќе права, вечно незадоволна од тоа што им се нуди.

Одговорноста кај владеачкава структура ќе биде огромна ако се потпише указ за овој закон. Нивните имиња во историјата ќе бидат синоним за разнебитување на сопствената нација.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.