КОЛУМНА: ТРАНЗИЦИСКИ ВИОР

КОЛУМНА: ТРАНЗИЦИСКИ ВИОР
март 11 23:20 2018

Голготата на патот кон просветлувањето ќе се обидам да ја предочам од мој аспект. Јас сум провокација филозоф, социолог и аналитичар без политички претензии, но ќе се обидам искрено и без понизнос кон никој да го опишам својот пат и патот на мојата генерација како знаменосец на преодот кон ветеното.

Транзицијата кон капитализмот не донесе ништо добро, родени сме во златното доба на бившите републики, а пораснавме во еден хибриден систем кој и до ден денес опстанува. Истиот тој се состои од неколку карактеристики:

Комодитет на челниците и безусловна желба за власт.

Морална хипокризија и пад на основните постулати на човечките вредности. Тој пад со себе ги носи девијациите. Да не должам се што порано беше ненормално сега е нормално (геј бракови, промискуитет, наркоманија, аморфност кон се и секого итн.)

Економска дисфукција, Најголемиот проблем во македонската економија е увозот.Шеесет посто од производите во нашите маркети се увезени.Од тој увоз  дирекно се погодени земјоделците, сточарите, трговците т.е. целокупното општество. Кога си економски зависен си во канџите на посилниот кој има моќ да креира цени, а цените дирекно влијаат врз социоекономската кохезија во едно општество.

Непродуктивно високо образование. Мелтингпот  систем на креирање на истрошени кадрии. Најголем проблем на македонското стопаство е тоа што нема соработка со нашиве факултети кои заслепени од партиципацијата која треба да ја земаат ствараат зомбифицирана и аморфна маса на млади луѓе чиј најголем успех е нивното празнење на семејниот буџет за да добијат високо образование кој никој не го вреднува.

Мито и корупција, власт и полиција. Мислам дека секој коментар е ислишен. Знаеме сите денес како се купуваат работни места….?????

Партизација во сите сфери на општеството. Партиската книшка железни порти отвара.

Сето горе наведено води до една појава наречена миграција. Демогравската слика на моево мало место Берово е сменета од овие нус појави. Кој е виновен?Што да се преземе? Дали има надеж?

Едно по едно. Виновни се челнициве сегашни и предходни кои заслепени од комодитетот на својата фотеља забораваат на обичниот смртник. Ситиот не му верува на гладниот дека е гладен. Тие тргуваат со работни места , вршат притисоци, ствараат гласачка машинерија.

Заклучок : “У свет да фанеш” – Така велат моиве локалци. Не памтам ни еден капитален проект да биде остварен, да се вработат 300 луѓе не повеќе, но затоа се сеќавам на три сантими партиски патишта кои се во функција да замачкаат очи. По истиве тие патишта нашава младина замина. Берово стана град на старци. ЖАЛНО, БОЛНО но некој профитираше од сето тоа и до ден денес профитира.

Што да се преземе? Берово има доста капацитет да биде продуктивно и луѓево убаво да живеаат. Покрај туризмот тука е земјоделието и сточарството. Од беровскиот компир може да се произведе квалитетен чипс, вотка и сл. Од сливата нашиот заштитен бренд без бандерола нејзината светост ракијата. Сирењто е врвно, и покрај се ние пак сме сиромашни. Зошто?

Затоа што никој кој има идеа да створи нешто тешко добива подршка од централната и локалната власт бивша и сегашна. Можеби повеќе бараат него што се спремни да дадат.Проклеството лежи во рацете на лакомоста суетата и егото.

Дали има надеж. Нихилизмот во мене не остава место за оптимизам. Можеби некогаш. Но проклеството на една цивилизација е својот врв да го изгради врз урнатините на својот претходник.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.