КЛЕПАЛО СТАНУВА РЕАЛНОСТ.ОД БУГАРСКА СТРАНА ВЕЌЕ СЕ АСФАЛТИРА.

КЛЕПАЛО СТАНУВА РЕАЛНОСТ.ОД БУГАРСКА СТРАНА ВЕЌЕ СЕ АСФАЛТИРА.
август 18 01:41 2018

Клепало станува реалност. Од бугарска страна веќе се асфалтира, јавува бугарскиот национален сервис БНТ. Градежната механизација е поставена кај селото Цапарево и е подготвена за асфалтирање на 15 километри долгата делница до село Микрево.

Изгорвен е и работен проект за останатиот дел од патот до идниот граничен премин Клепало:

  • Тоа е желба на луѓето од овој реон со децении. За наша среќа веќе започнаа конкретни активности за отворање на овој  граничен премин, истакна Емил Илиев, градоначалник на општина Струмјани.

Растојанието од Берово до граничниот премин е само 10 километри и отворањето на Клепало се очекува да донесе развој на економијата и на туризмот:

  • Ќе се поврземе со европски автопат, овде ќе има поголема фреквенција која ќе влијае врз развојот на економијата, особено на приватниот сектор. Сево ова би требало да помогне да се задржат младите овде што ни е и крајна цел, кажа Јован Матеничарски, претс. на СО – Берово.

Фреквенцијата на возила и луѓе, е надеж за жителите од пограничните села за подобрување на условите за живот, зашто сега повеќето од нив се заборавени и отсечени:

  • Како нема да се радуваме, тоа е желба на цел овој регион, кажа Борис Иванов, жител на с. Микрево.
  • Можеби луѓето ќе се вратат. Сега нема ни автобус ни никаква линија, смета Андон Донев, жител на с. Микрево.

Во моментов, граѓаните од двете страни на границата живеат на само неколку километри едни од други, а патуват многу за да се видат:

  • Роднините од Македонија ме прашуваат дали навистина с еработи на патот. Постојано се слушаме и се радуваме, рече Венцислав Јанев, жител на с. Микрево, Р. Бугарија.

Од македонска страна делница е подготвна, но има потреба од поправка, за што се веќе преземени ангажмани. Очекувањата се  дека до крајот на 2020 година или почетокот на 2021 година ќе биде отворен нов – четврти, граничен премин на Македонско – Бугарската граница.

Со отворањето на граничниот премин Клепало, патувањето од  Берово до бугарската општина Струмјани ќе се скрати за околу 130 километри.

 

Извор: Тв Стар

  Категории: