КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА БЕРОВО, ПОТПИШАА КОДЕКС ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА БЕРОВО, ПОТПИШАА КОДЕКС ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ
септември 23 15:31 2021

Кандидатите за градоначалници на Берово, денес во општинската сала свечено потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.Кодексот го потишаа кандидатите за градоначалници Елеонора Рашковска – ВМРО ДПМНЕ, Звонко Пекевски – СДСМ, Горанчо Костевски – Родина Македонија и Горан Алачки – Интегра-Македонска конзервативна партија.Кодексот е документ на кој се обрзуваат кандидатите за градоначалници и партиите дека ќе ги почитуваат сите демократски изборни правила.

Учесниците на изборите како што стои во кодексот се обрзаа да ги почитуваат сите закони, правила и прописи кои се релевантни за изборите и почитување на владеење на правото при организирањето и спроведувањето на изборите, со цел зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата и придонес во градење на довербата во изборниот процес.

Исто така во одредбите на овој документ учесниците се обрзаа дека нема да вршат никаков притисок кон јавната администрација и врз сите оние институции кои се финансираат од државен капитал, дека нема да користат говор на омраза во самата кампања, дека нема да има дискриминација по однос на пол и исто така се обрзуваат дека нема да упатуваат меѓусебни закани кон ниту еден кандидат или член на политичка партија.

Пред потпишувањето обраќање имаше претседателот на Општинската изборна комисија Славчо Страторски, кој рече дека со овој чин на потпишување на кодексот, учесниците ќе гарантираат дека ќе одржат избори на високо демократско ниво.

На крајот сите четири кандидати изјавија дека очекуваат процесот на изборите и кампањата да се одвива во фер и демократски амбиент, по што сите заеднички си подадоа рака.

Инаку за локалните избори кои ќе се одржат на 17 Октомври, за градоначалник на Берово довербата од граѓаните ќе ја бараат четворица кандидати исто толку и советнички листи со неколку партии, додека кампањата за локалните избори почнува на 27 Септември.

Во продолжение погледнете го видеото од денешниот настан на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори:

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.