Камени одрони удрија врз возило на патниот правец Македонска Каменица – Кочани.

Камени одрони удрија врз возило на патниот правец Македонска Каменица – Кочани.
јануари 23 18:04 2021

Како што може да се види на фотографиите испратени од минувачи по патниот правец Македонска Каменица – Кочани, станува збор за посериозна ситуација во која е причинета материјална штета на патничко возило пренесува порталот kamenica.mk.

Предупредувањето за возење и движење на овој патен правец останува во важност. За сите кои се движите во овој правец, возете внимателно бидејќи влажното време и ниските температури се фактор плус за создавање на нови одрони кои значително го отежнуваат сообраќајот.

Фотогалерија од настанот:

  Категории: