ИСТОКОТ ЌЕ ГИ ЗАШТИТУВА ОСОГОВО И ЧЕНГИНО КАЛЕ.

април 12 18:52 2018

Истокот ќе ги заштитува Осогово и Ченгино Кале. Ова е заклучокот од неколкугодишните анализи на теренот долж Брегалничкиот слив во насока на прогласување на т.н. заштитени подрачја:

  • Позитивната работа е што во изминатиот период доста е работено особено во Осогово, кажа Маријана  Шушлевска, тим лидер на проектот.

Формирањето на т.н. заштитени подрачја е дел од една поголема програма за зачувување на природата во Македонија:

  • Брегалничкиот регион изобилово со голема разновидност, но таа не е доволно позната и заштитена. Целта ни е да ја заштитеме, но и да создадеме услови за развој на општините преку инвестиции во тој дел, Јани Макрадули, заменик министер во Министерство за животна средина и просторно планирање.

Прогласувањето на заштитени подрачја имаат еколошка, но и економска цел:

  • Целта не е само тие подрачја да се заштитат, туку да се стават во функција на целокупниот развој, ососбено економски на регионот, рече Шушлевска.

Предлогот за заштитени подрачја се Осогово и Ченгино Кале, но конечната одлука треба да ја донесат градоначалниците од 11-те општини од регионот.Истиот , со студија за валоризација , понатаму треба да се поднесе на одобрување до Министерство за животна средина и просторно планирање.

Инаку, целата програма за заштита на природата во Македонија  се спроведува со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

 

ИЗВОР:ТВ СТАР

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.