ИСТОКОТ ТРЕТ ВО ДРЖАВАТА ПО СМРТНОСТ ОД РАК.

ИСТОКОТ ТРЕТ ВО ДРЖАВАТА ПО СМРТНОСТ ОД РАК.
март 10 02:00 2018

Источниот регион е трет во државата по смртност од рак, по пелагонискиот и скопскиот. Ова го покажува последниот Извештај на државниот Центар за јавно здравје, според кој во нашиот Регион умираат 192-ца заболени од рак на 100.000 жители.

Најчесто, причина за смртта кај мажите е канцерот на белите дробови, кој е застапен со 67%. Кај жените пак, најчест е ракот на дојка, кој во вкупниот број починати пациентки е застапен со 32,7%.

Смртноста од оваа болест за период од 10 години е зголемена за 14%, аларм кој треба ги загрижи и луѓето и институциите.

Една од причините за овој пораст, секако е лошиот и неправилен начин на исхрана :

  • Eдна од причините за нивното настанување е неправилната исхрана, луѓето не се доволно едуцирани, не внимаваат и прват грешки во исхраната, изјави Биљана Петрова, професор во СОУ „Јане Сандански“ – Штип.

За таа цел, денес идните медицински сестри и болничари, а сега ученици во средното медицинско училиште во Штип излегоа на терен со цел едукација на населението, за важноста на начинот на исхрана :

  • Ние учениците изготвивме флаери за диета кај различни заболувања и на овој начин сакаме да превенираме некои заболувања, кажа Стеван Богданов, ученик во СОУ „Јане Сандански“ – Штип.

Најалармантна состојбата на Истокот во моментов е во Кочани. За една година, бројот на заболени од рак овде пораснал за 20%.

Имено, во 2016-та година имало пријавени 982-ца заболени од карцином, од кои 185 биле новорегистрирани случаи. Минатата година, во Центарот за јавно здравје Кочани стигнале 1.205 пријави, од кои 226 се новозаболени пациенти.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.