ИНИЦИЈАТИВА НА ГРУПА ГРАЃАНИ СО СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА ГО ПОПРАВИЈА ПАТОТ ЕПРЕВ ДОЛ – КАША.

ИНИЦИЈАТИВА НА ГРУПА ГРАЃАНИ СО СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА ГО ПОПРАВИЈА ПАТОТ ЕПРЕВ ДОЛ – КАША.
јули 17 14:35 2018

На иницијатива од група граѓани, а со цел да се подобри состојбата со пристапните патишта во Општина Берово и да се подобри пристапот до имотите, односно барем симболично да се допринесе во зголемување на конкурентноста на Општината, беше организирана изведба на земјани работи на патот Епрев дол – Каша во должина од 2800 метри, кој беше значително уништен заради негово не одржување после експлоатацијата на шумите. За таа цел беше ангажирана механизација (булдожер) и со финансиска поддршка на група граѓани, како и со личен ангажман на дел од нив беше реализирана оваа иницијатива.

На овој начин беа соберени сретства во висина од 124.000,00 денари, каде механизацијата работеше активно 5 дена и оствари вкупно 32 работни часа.

Со оваа акција како што велат од граѓанската иницијатива,  се  надеваат дека конечно ќе имаат слух и ќе се поттикнат локалните и државните власти, за решавање на проблемите на жителите во Берово кои ги засегаат и аплерираат малку повеќе да се заангажираат околу проблемот со уништените пристапни патишта и навистина ќе се посветат на зголемување на конкуренста на нашата Општина.

„Се надеваме дека оваа иницијатива ќе допринесе  да се запре обезвреднувањето на нашите имоти, а во исто време и на нас како граѓани. Но сето ова, како и сите други такви иницијативи ќе бидат промашени, доколку надлежните институции не се зафатат со работа и вистински да се посветат на реалните проблеми, на создавањето услови и можности за сопствените граѓани да можат да го користат, експлоатираат и користат придобивки од она што го имаат. На крајот на краиштата, па ние за тоа и ги плаќаме”  – истакнаа членови на иницијативата.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.