ИЗВЕСТУВАЊЕ:ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА,НЕМА ДА СЕ ОРГАНИЗИРА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАНАСТИРСКИ РУЧЕК ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОРОДИЦА.

ИЗВЕСТУВАЊЕ:ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА,НЕМА ДА СЕ ОРГАНИЗИРА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАНАСТИРСКИ РУЧЕК ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОРОДИЦА.
август 25 21:14 2020

Овогодинешното чествување на манастирската слава посветена на Успението на Пресвета Богородица ќе се спроведе во согласност со пропишаните протоколи за заштита од пандемијата на Ковид – 19 на Министерството за здравство.
Апелираме до сите што ќе присуствуваат на богослужбата или ќе го посетат манастирот по неа да се придржуваат на препораките за заштита. Ве информираме и дека во согласност со препораките на Министерството за здравство нема да се организира традиционалниот манастирски ручек.
За време на божествената литургија имаме должност да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид – 19, па носењето маска, како и држењето на соодветно растојание е задолжително.
Ви благодариме за разбирањето.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.