„ЗОШТО ЗАМИНУВААТ НАШИТЕ СОГРАЃАНИ“

„ЗОШТО ЗАМИНУВААТ НАШИТЕ СОГРАЃАНИ“
март 13 01:48 2018

Центарот за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ од Пехчево, на 4 април 2016 година, во салата за состаноци на општина Пехчево организираше јавна расправа на која ги презентираше резултатите од анкетата за миграциите. Во анкетата учествуваа сите засегнатите страни со овој проблем, а се спроведе во рамки на проектот „Преку интегрирано делување до намалување на миграциите“ Дваесет претставници на вклучените чинители од општините Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица учествуваа на јавната расправа. Покрај резултатите од анкетата, претставник на Агенцијата за вработување на Република Македонија – канцеларија во Берово ги презентираше мерките и можностите за вработување кои ги нуди Агенцијата. На настанот беше прикажан и краток филм на тема „Зошто заминуваат нашите сограѓани“ во кој се сублимирани резултатите од спроведената анкета и фокус интервјуа. На крај се дискутираше за причините за иселување кои треба да се отстранат за останат потенцијалните мигранти во своите родни краеви. Дискусијата заврши со заклучоци и насоки за идното работење. Проектот „Преку интегрирано делување до намалување на миграциите“ е поддржан од програмата Цивика мобилитас.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.