Земјоделци, ова се насоките за движење во полициски час.

Земјоделци, ова се насоките за движење во полициски час.
март 27 13:11 2020

​Правила и услови за ослободување од полициски час на граѓани на Република Северна Македонија за време на вонредната состојба поврзана со вирусот COVID -19:

1.​ ​ ​ ​ ​ ​Право на движење има само еден​ (1) ​ член на земјоделско стопанство;

2.​ ​ ​ ​ ​ ​Доколку во земјоделското стопанство има член помлад од 67 години, не се издава согласност за лице постаро од 67 години;

3.​ ​ ​ ​ ​ ​Барањата се доставуваат по телефон или на е-маил преку подрачната единица на МЗШВ (која мора да провери дали барателот е запишан во регистарот на земјоделски стопанства и дали во стопанството има лице помладо од 67 години;

4.​ ​ ​ ​ ​ ​Согласноста се дава само за движење од адресата на живеење до фармата доколку фармата е надвор од адреса на живеење и до нивата (оранжеријата) доколку е надвор од место на живеење;

5.​ ​ ​ ​ ​ ​Задолжително се наведува КП на нивата односно фармата;

6.​ ​ ​ ​ ​ ​Движењето е дозволено само на релација место на живеење фарма (објект, оранжерија, нива);

7.​ ​ ​ ​ ​ ​Согласноста се издава само во времето кое го има наведено барателот;

8.​ ​ ​ ​ ​ ​Податоците задолжително се наведуваат во табелата во прилог истата се доставува секој понеделник и важи од за тековната недела;

9.​ ​ ​ ​ ​ ​Сите дополнувања во текот на неделата се соважност до важењето на периодот (до првиот понеделник пример доколку се поднесе барање во четврток тоа ќе важи за периодот од петок до понеделник);

10.​ ​Давањето на лажни податоци со кои се загрозува општата здравствена состојба на граѓаните и се прекршува полицискиот час е кривично дел, како за земјоделецот така и за лицето кое ги внесело податоците од ПЕ.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.