Здружението „Khronos” од Република Унгарија, на работна посета во Општина Берово.

Здружението „Khronos” од Република Унгарија, на работна посета во Општина Берово.
март 24 23:21 2021

Во рамките на активностите на општина Берово, од областа на животната средина, денеска, претставници од Здружението „Khronos“ од Република Унгарија заедно со претставници од Центарот за развој на Источно-плански регион, остварија работна средба со градоначалникот на Општина Берово , Звонко Пекевски и проектиниот тим од општината, со цел, презентација и запознавање со приоритетните и планираните проекти, од областа на животната средина.


Разговарано е за идни проекти, кои ќе се рализираат низ дологогодишна соработка, а од истите бенефит ќе има општината, но и приватниот сектор.
Исто така, како тема на состанокот, беше и можноста за пошумување на опожарените терени, можностите за пречистување на отпадните води, во населените места и општините од регионот, брендирање на еколошки производи и поддршка на органското производство, по кое Берово и источниот регион се препознаени во земјата и пошироко, можноста за изработка на студии и искористување на потенцијалите на регионот, од економски, еколошки и земјоделски аспект.


Во следниот период ќе се направат предлог проекти и разработени концепти со кои ќе се аплицира до европските фондови.
Како што беше истакнато на средбата, Здружението „Khronos“ планира да отвори канцеларија во Република Северна Македонија, преку која ќе поддржува проекти за развој на општините и Источниот плански регион.


Здружението е веќе присутно во Србија,Црна Гора и Хрватска, а се работи за Програма која ќе опфаќа пред сè инвестициски и големи проекти (со минимална вредност од 400 000 евра) од областа на животната средина.
Проектите ќе бидат поддржани од LIFE фондот на Европската Унија.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.