Здружението „ИНИ“ ја истражува ефикасноста на администрацијата во општините од Истокот

Здружението „ИНИ“ ја истражува ефикасноста на администрацијата во општините од Истокот
декември 31 02:51 2021

Здружението на граѓани „ИНИ“ од Виница во рамки на проектот „Со професионална администрација до ефикасни и квалитетни услуги на локално ниво“ деновиве одржа работна средба во Берово, чија главна цел е да се истражат и подобрат ефикасноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните од вработените во локалните самоуправи на истокот.

Целни групи на проектот се сите 11 општини во источниот регион, јавните комунални претпријатија како и грѓанските организации, кои преку поголема професионализација на општинската администрација, подготовка на дигитализација на услугите согласно финнасиската можност, како и поголема транспарентноста и отчетност на истите би ги подобриле услугите према граѓаните.

-Целтат на проектот „Со професионална администрација до ефикасни и квалитетни услуги на локално ниво“ е подобро испорачување на услугите спрема граѓаните од страна на општинските власти не само во Берово туку и во целиот Исокот.Проектот ќе се спроведува 10 месеци.Освен оваа активност во Берово, сакаме да го чуеме мислењето на граѓаните, што мислат за општинската администрација, што фирмите мислат за администрацијата.Освен тоа правиме онлајн анкети каде што го мериме задоволството на услугите, преку барење до пристап на информации од јавен карактер собираме податоци од сите општини од ИПР за делот управување со човечки ресурси, транспарентност, посебно за делото отчетност.Тоа не значи само за администрацијата на општинатат, туку и за администрацијата и вработените во Јавните комунални претпријатија – рече  Тодор Цоневски, претседател на здружението „ИНИ“.

Од прелиминарните резултати кои ги имаат, Цоневски истакна дека во делот на транспарентност и отчетност на Јавните комунални претпријатија состојбата е загрижувачка.

-Од прелиминарните резултати коишто ги имаме во делот на транспарентност и отчетност на Јавните комунални претпријатија во ИПР, тука состојбата е многу загрижувачка.На скала до 100 Јавните претпријатија многу тешко доаѓаат и до половина, тука се некаде 20 до 30 проценти, што претставува многу мала отчетност и транспарентност.Граѓаните немаат информација кои услуги испорачува Јавното претпријатите – истакна Цоневски.

На фокус групата во Берово, присуствуваа дел од општинската администрација како и претставници од приватните фирми и членови на здруженија.

Инаку проектот е финансиран од Европската комисија на ЕУ, а поддржан како грант во рамки на проектот „Зајакнување на граѓанското општество од Западен Балкан за реформа на јавната администрација“.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.