ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕСОТ НА ГРАЃАНИТЕ НА БЕРОВО ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД 19.

ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕСОТ НА ГРАЃАНИТЕ НА БЕРОВО ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД 19.
мај 10 20:13 2021

Продолжува вакцинацијата на граѓаните на Берово против Ковид 19.Од Здравниот Дом во Берово информираа дека вакцинирањето се одвива во најдобар ред без несакани последици.Зголемен е интересот на Беровчани кои сакаат да се вакцинираат со вакцината, додека вкупно 550 граѓани досега се имунизирале со вакцините на „Астра Зенека“ и „Синофарм“.

-Од вакцината „Синофарм“ имаме добиено 300 дози веќе сме при крај, денес имаме вакцинирано 60 пациенти и ни остануваат уште 40 дози.Претходните две недели со вакцината „Астра Зенека“ вакциниравме 250 пациенти, тие беа во критични години над 75 години, сега малку старосната граница е спуштена.Досега не сме имале некоја несакана последица, овие денови малку имаше гужва, бидејќи овие пациенти имаат термин во Штип, но од причина што немаат превоз, некои физички неможат, некои пак живеат сами и нема кој да ги однесе, ние им излегуваме во пресрет и тука ги вакцинираме.Пациентите имаат голем интерес за вакцинирање и доклоку ни пуштат од Министерството за здравство поголем број на вакцини, ние сме спремини сите што сакаат да ги вакцинираме.Очекуваме од наредната недела старосната граница да се спушти до 50 години, така најави и министерот и очекуваме да ни испратат вакцини за да започнеме да ги вакцинираме и граѓаните од помладата популација – рече Мери Јованова одговорен доктор за вакцинацијата во Берово.

Директорката на Здравниот Дом во Берово додаде дека поради зголемениот интерес на граѓаните за вакцинација, пунктот кој беше на вториот кат во здравствената институција е преместен на влезот со цел поголема достапност и против гужвите кои се прават веќе неколку дена.

– Од четвртокот поради зголемениот наплив и одзив и заинтересираност на граѓаните за вакциниција, вакциналниот пункт, се наоѓаѓе на вториот кат во Здравниот дом во Берово, направивме акција и пунктот е преместен на приземјето, кадешто граѓаните ќе бидат заштитени односно надвор да чекаат за прием на вакцината, каде претходно се правеа гужви.На тој начин сметаме дека е решен проблемот околу стварањето на гужвите и почитувањето на мерките против Ковид 19 – истакна д-р Весна Коловска директор на Здравен дом во Берово.

Граѓаните на Берово кои денес се вакцнинираа уште еднаш потенцираа дека вакцината е единствената заштита против Ковид 19 и оценија дека вакцинацијата оди во најдобар ред без многу чекање.Порачаа на сите Беровчани да се пријават и да се вакцинираат.

Сепак и покрај започнатата масовна вакцинација против Ковид 19, на Беровчани најголем проблем им претставува немањето на автобуски превоз од Берово до Штип, каде е главниот вакцинален пункт за граѓаните на Истокот.Пред неколку недели општински власти од Берово изразија подготвеност за да помогнат околу превозот на граѓаните до Штип и да им се излезе во пресрет на поголем број луѓе кои не можат да си дозволат и да издвојат средства за приватен превоз на закажаниот термин за имунизација на пунктот во Штип.

Инаку, добиените 300 дози на вакцината „Синофарм“ во Здравниот дом во Берово скоро се потрошени, па наредните денови се очекува да пристигнат уште вакци со цел да продолжи вакцинирањето на граѓаните.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.