ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ: РАЗВОЈОТ ПРОДОЛЖУВА – ГИ ИМАМЕ НАЈДОБРИТЕ ПРОЕКТИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ: РАЗВОЈОТ ПРОДОЛЖУВА – ГИ ИМАМЕ НАЈДОБРИТЕ ПРОЕКТИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА
октомври 02 15:26 2021

Изминатите 4 години се работеше вредно и напорно, со силна поддршка од централната власт. Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините. Бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ. Каква ни е општината, таков ни е животот. Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот.Во Берово ќе обезбедиме и развој и подобар живот со Промена на ДУП и ГУП со овозможување зона за мало стопанство со поволни можности за нови инвеститори а со тоа и нови работни места – истакна кандидатот за градоначалник на Берово од редовите на СДСМ.

Еве што вети Звонко Пекевски во својата програма „Најдоброто за Берово“:

Генерален урбанистички план (ГУП)

Oвој битен стратешки документ дава насоки за правилен развој на градот преку сеопфатен пакет на мерки и стандарди потребни за да се постигне тоа, а исто така и овозможува поширока визија за правилното планирање на градот во наредниот период. Генералниот урбанистички план исто така ја прикажува пошироката визија за намената на градежното земјиште (приватно и во сопственост на државата), планираната инфраструктура, како што е патната мрежа, комуналната инфраструктура (електрика, водовод, канализација и сл.), како и заштита на веќе изграденото културното наследство со вградување посебни мерки и методи на заштита и конзервација.

– Изработка на Генерален урбанистички план на Берово, во површина од 285 ha до 300 ha.Детален урбанистички план (ДУП)Согласно со законските регулативи измена и дополна на Детален урбанистички план од 3 ha до 30 ha:- Измена и дополна на ДУП на Берово за централно градско подрачје (плоштад во Берово);- Измена и дополна на ДУП за локалитет „Стара автобуска станица“ – Берово;

– Измена и дополна на ДУП за локалитет „Полициска станица“ – Берово;- Измена и дополна на ДУП за Станбено деловен комплекс – „Кеј на реката Брегалница“ – Берово;- Измена и дополна на ДУП за етнопарк – „Етносело“ – Берово. Урбанистички план за села (УПС)Урбанистички планови за села сѐ уште не се изготвени за четири селски населби на територија на Општината.

– Изработка на УПС за с. Смојмирово;- Изработка на УПС за с. Мачево;- Изработка на УПС за с. Будинарци;- Изработка на УПС за с. Митрашинци.Урбанистички план вон населено место (УПВНМ)

– Изработка на УПВНМ за туристички локалитет „Абланица“;- Изработка на УПВНМ за граничен премин „Клепало“;- Изработка на УПВНМ за туристички локалитет „Обозна“.

Вредност на проектот: околу 18 000 000 денари.

Целна група:- жителите на општина БеровоРок на изведба: 2023 година

  Категории: