ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА РЕАЛИЗИРАМЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ, ЗАТОА ШТО ИМАМЕ ВИЗИЈА И ПЛАН ЗА БЕРОВО

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА РЕАЛИЗИРАМЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ, ЗАТОА ШТО ИМАМЕ ВИЗИЈА И ПЛАН ЗА БЕРОВО
октомври 02 20:45 2021

Во Берово во рамки на караванот ,,Најдоброто за нашата општина” свое претставување имаа кандидатот за градоначалник Звонко Пекевски и Советничката листа на СДСМ и коалицијата.

-Чест и задоволство да видиме што сработивме и да направиме концепт на она што допрва ќе го сработиме. Имајки ја предвид довербата граѓаните во изминатите години ве имавме за стратешки партнер во креирањето на иднината на Општина. Во изминатиот период реконструриравме голем број на улици и патишта, изградени се водоводи и канализации, општината е одблокирана, рече Пекевски.

Во иднина додаде Пекевски, има уште многу работи да се завршат за подобро утре на граѓаните.

-Ќе аплицираме на сите повици, а од Владата ќе очекуваме уште повеќе средства за урбано и поубаво Берово. Берово после 4 години е поурбанизиран град, посакуван за туристите и сите граѓани. Продолжуваме да реализираме уште повеќе, затоа што имаме визија и план за град со чиста и здрава животна средина и брз социо-економски развој, со цел Берово да биде најдобриот туристички вентар во РСМ, додаде кандидатот Пекевски.

Носителот на советничката листа Стево Суџуковиќ рече дека најдоброто за општина Берово е Звонко Пекевски затоа што пред 4 години иако наследил пустош ја раздолжил општината, која сега е ликвидна и успешна општина.

Ги повика Беровчани да го дада својот глас за бројот 12, за втор мандат на актуелниот градоначалник на Општина Берово.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.