ЗА ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАТА, НА ИСТОКОТ СЕ РАЃАЛЕ ПО ТРОЈЦА ДНЕВНО, УМИРАЛЕ РЕЧИСИ ПО ШЕСТМИНА.

јуни 12 09:46 2018

За првиот картал од 2018 година, општините од Истокот бележат исклучително негативен природен прираст. Во периодот од јануари до март, овде се раѓале по три бебиња дневно, но умирале речиси по шестмина.

Ова се оразителните податоци кои на виделина ги изнесе Државниот завод за статистика во својот најнов извештај.

Според него, во споментиот период, во 11-те општини од Регионот се родиле 334 бебиња, а починале 507 овдешни жители, што само по овој основ е намалување на бројот на жители за 173.

Со исклучок на Виница каде има позитивен прираст од одвај две новороденчиња повеќе во однос на починатите и Зрновци каде бројот на родени и умрени е идентичен, сите останати општини се во длабок минус.

Негативата во Штип изнесува 41; во Кочани 34, Делчево 23; Берово 22, Пробиштип 20; Чешиново Облешево 12; Карбинци 11, Македонска Каменица 7 и Пехчево 5.

За разлика од истиот период лани, во Регионот се забележува пад и на бројот на новородени , но и на бројот на починати.

Од јануари до март 2017 година, регистрирани се 393 новородени и 615 починати, што е негатива од 222 лица.

 

Извор: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.