ЗА ВЕЛИГДЕН И БАЈРАМ ЌЕ НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС, КАФЕАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ДО 20 ЧАСОТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ.

ЗА ВЕЛИГДЕН И БАЈРАМ ЌЕ НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС, КАФЕАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ДО 20 ЧАСОТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ.
април 26 13:45 2021

За Велигден и Бајрам да нема полициски час, и угостителските објекти да работат до 20, односно до 20: 30 часот, е новиот предлог на Главниот кризен штаб во Владата, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот е за Велигден полициски час да нема ноќта в сабота спроти недела (први спроти втори мај), а за Бајрам ноќта на 12 спроти 13 мај.

На новинарско прашање каква логика има во еден ден да се укине полициски час, а веќе од наредниот ден пак да се воведе, Филипче одговори: „Многу е важно чувството на граѓаните. Да потенцирам, здравствената состојба ја дозволува оваа мерка. Верските заедници земаа обврска да водат сметка за време на празнувањето и собирањето за верските празници“.

Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час од среда, 28 април, да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот. Комисијата ќе го достави предлогот до Владата, која за него треба да одлучи на седница. Владата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.

Главниот координативен кризен штаб до Владата минатата недела предложи полицискиот час од 27 април до 15 мај да почнува од 21 часот, а угостителските објекти да ги отворат само летните тераси за гостите.

Рестрикциите во движење и работа на угостителските објекти, кладилниците, хотелите беа донесени на 6 април поради сериозната ситуација со ковид-19 во однос на бројот на новозаболени и хоспитализирани пациенти.

Вкупно ковид дијагностицирани досега се 150.588, од кои оздравени се 129.053, починати 4.677, а активни се 16.858.

(САКАМДАКАЖАМ.МК)

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.