ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ „МИРОТ ЗАПОЧНУВА СО НАСМЕВКА“

ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ „МИРОТ ЗАПОЧНУВА СО НАСМЕВКА“
март 20 17:24 2021

Во рамки на проектот„Мирот започнува со насмевка“, Општинско Средно училиште „Ацо Русковски“ од Берово во партнерство со уште неколку училишта од регионот, денес на втората работилница дебатираа за родово базиран говор на омраза на младите преку Интернет и подигање на свеста за негово надминување.

На работилницата учествуваат по 8 ученици од сите партнерски организации додека реализацијата беше преку хибриден модел, со користење на Zoom платформата заради превентивните мерки од Ковид 19.

Во проектот кој е финасиран од РИКО (Регионална канцеларија за младинска соработка), се работи на три нивоа на сузбивање на говорот на омраза кој според истаражувањата е се по присутен помеѓу младите,а целта е постигнување на друг наратив или говор за сузбивање на овој проблем истакна Билјана Бошковска психологот во средното училиште „Ацо Русковски“ од Берово.

Импресиите на учениците кои учествуваа во овој проект се прекрасни,па со реализацијата на истиот преку запознавање, дебатирање и споделување на искуства нивните очекувања се на високо ниво.  

Во следниот период во рамките на овој проект ќе се одржат уште две работилници со што учесниците во иднина би биле амбасадори за надминување на сите недоразбирања на младите во земјите од западниот Балкан, токму со сузбивање говорот на омраза.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.