ЗАПОЧНА ЕНДУРО 2018 ШАМПИОНАТ ВО БЕРОВО.

ЗАПОЧНА ЕНДУРО 2018 ШАМПИОНАТ ВО БЕРОВО.
јули 14 22:58 2018

Во Берово денеска е отворена првата трка од државниот шампионат во Ендуро 2018 година за која постојат интенции да помине на Европски па дури и Светски ранг.

Моторциклистите ги поздрави и ја отвори трката Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски а организатори на трката се Јани Колиглиатнс од Грција, Моторциклистичка Федерација на Македонија и Мото клуб Мото-Велес во соработка со Општина Берово.

 

Стартот на трката беше од плоштадот Димитар Беровски а возачите на мотори стартуваа на 30 секунди по двајца и продолжија по ул. Маршал Тито низ градот , се до завршетокот на улица Енгелсова каде  ја започнаа својата Ендуро авантура низ најубавите предели за ваква намена.

Ке се натпреваруваат во два натпреварувачки денови а ќе има и ќе има и Опен Хоби трка за младите ентузијасти во Ендуро.

 

Карактеристично е тоа што оваа година за првпат на еден ваков шампионат имаме учесник и од Берово.На учесниците им посакуваме голем успех и се надеваме дека ќе ги остварат своите амбиции за натпреварување на повисок ранг.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.