ЗАПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД 19 ВО ПЕХЧЕВО,ВО БЕРОВО СЕУШТЕ НЕ СЕ ПРИСТИГНАТИ ВАКЦИНИ.

ЗАПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД 19 ВО ПЕХЧЕВО,ВО БЕРОВО СЕУШТЕ НЕ СЕ ПРИСТИГНАТИ ВАКЦИНИ.
април 02 21:27 2021

Започна вакцинацијата против Ковид -19 во Пехчево, на граѓаните со старосна група над 70 години. Како што истакна директорката на Здравниот дом во Пехчево, вакцинацијата се одвива во најдобар ред, а денес се вакцинирале вкупно 15 пациенти од кои тројца пациенти се од соседната општина Берово.

Добиени се 100 дози од вакцината во Пехчево за имунизација на населението додаде директорката, додека сите пациенти кои се вакцинираат пополнуваат документ за согласност и добиваат картон за евиденција за која вакцина ја примиле.

Додека во Пехчево и соседните општини започна вакцинацијата и имунизацијата на граѓаните, во Берово според наши извори не се ни пристигнати вакцини и имунизацијата не е започната, па така Беровчани се приморани да се вакцинираат во Пехчево.

Побаравме одговор од директорката на Здравниот дом во Берово, но и покрај многуте обиди не беше достапна и не можевме да ја исконтактираме за да граѓаните добијат информација кога ќе започне вакцинацијата во Берово.

Граѓаните кои се вакцинираа денес во соседно Пехчево, посочија дека веруваат во вакцината бидејќи тоа единствениот начин за заштита.

Сите дози на вакцини се чуваат во ладен ланец додека пунктовите за вакцинација против Ковид 19 се со 24 обезбедување и поддршка од МВР.

Вакцинацијата на граѓаните се одвива со закажување преку Матичниот лекар, кој на секој граѓанин кој е заинтересиран да добие вакцина, преку системот „Мој термин“ му закажува тремин за вакцинација.

Инаку изминативе денови голем број македонски граѓани побараа спас во соседна Србија, којашто ги отвори вратите за соседните земји и им понуди вакцинација на илјадници странски државјани.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.