Оскарите годинава не го утнаа најдобриот филм.

септември 21 08:01 2010

90-то по ред доделување на филмските награди Оскар на Академијата за филм на САД годинава помина без поголеми скандали или грешки како на пример лани кога во главната категорија за најдобар филм беше прогласен Ла ла ленд за потоа набрзо несреќните добитници да соопштат дека оскарот не е наменет за нив туку за Месечева светлина.

Затоа годинава легендарните актери Феј Данавеј и Ворен Бити добија шанса да ја исправат ланската грешка и без никакви проблеми да го доделат оскарот за најдобар филм на Форма на водата на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо кој исто така претходно доби награда за најдобра режија.

Церемонијата на Оскарите годинава не понуди многу хумор и забава, па дури и познатиот шоумен Џими Кимел беше премногу резервиран во своите шеги на почетниот монолог на отварањето, единствено спомнувајќи ги злогласениот холивудски продуцент обвините за сексуално насилство Харви Вајнстин како и расизмот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Се беше ставено во фокусот на политичките пораки на женските движења „Време е“ за отстранување на сексуалното насилство во Холивуд или било која друга работна средина, како и за правна помош на жртвите.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.