ЗАЕВ: ЗА ДВА МЕСЕЦА ЌЕ СЕ ПОДМИРАТ ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНИТЕ

април 10 19:00 2018

За помалку од два месеца, ќе се реши проблемот со долговите на општините. Во моментов, претставници на Владата преговараат со банките за подигање на кредит кој ќе се пренесе на општините, за тие да се раздолжат кон своите добавувачи.

Се работи за долгови, кои на локалните самоуправи се провлекуваат со години :

  • Сите знаеме дека овие долгови од преку 120 милиони евра се создадени од минатото, но не можеме да замижиме пред нив туку мора да ги решаваме. Очекувам дека до крајот на месец април или мај да ги заокружиме овие процеси, изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

Дел од парите од кредитот, ќе завршат и во општините од Источниот регион. Ова за градоначалниците од Регионот е повеќе од добра вест, зашто дури 9 од 11 од нив, мандатот го започнаа со блокирани сметки.

Најголем дел од парите, ќе завршат во стопанството, зашто општините кон него имаат највисоки долгови :

  • Се должи на стопанството најповеќе, но ќе ги направи стабилни и општините да влезат во костец со секојдневните проблеми на граѓаните, истакна Заев.

Откако кредитот од 120 милиони евра ќе легне на сметката на државата, премиерот Заев најави разговори со градоначалниците, кои заедно со Советите на општините треба да одлучат колкав дел од долговите треба да бидат преземени и покриени преку овој кредит.

Инаку, најлоша финансиската состојба беше во општина Делчево, каде старите и новите долгови беа во износ од 240 милиони денари, или еден цел општински буџет. Берово има побарувања од доверители во висина од 22 милиони денари, два милиони денари повеќе должи општина Карбинци, Виница околу 43 милиони денари, Македонска Каменица околу 20, Пробиштип околу 60 милиони денари.

ИЗВОР:ТВ СТАР

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.