ЕЛЕОНОРА РАШКОВСКА ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ВО БЕРОВО НА ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ.

ЕЛЕОНОРА РАШКОВСКА ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ВО БЕРОВО НА ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ.
август 20 14:40 2021

ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот Комитет, усвои нови кандидати за градоначалници за престојните локални избори.

Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Берово е Елеонора Рашковска која потекнува од старо беровско занаетчиско семејство. Сопруга и мајка на ќерка и син. Магистрира на Факултетот за Труд и Социјална политика.Работи како раководител на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Берово. Жена со голема енергија и љубов за промени во Берово.

Кандидат за градоначалник на Општина Пехчево е Александар Китански.

Тој е дипломиран доктор по ветеринарна медицина и работи како доктор по ветеринарна медицина од 2011 до денес. Исклучителен карактер кому најважен му е развојот на Пехчево и создавањето на перспектива на граѓаните на Пехчево.

Главната карактеристика е што огромно мнозинство се млади, некомпромитирани и нови имиња кои ќе внесат нова енергија, жар и ентузијазам за повеќе работи и многу успеси во развојот на општините, истакна на денешната прес конференција,потпретседателот на партијата Владо Мисајловски.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.