ЕЛЕОНОРА РАШКОВСКА НАЈАВИ МОДЕРЕН МИНИ ПАРК НА ЈУОВЕЦ И УШТЕ НЕКОЛКУ КЛУЧНИ ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ.

ЕЛЕОНОРА РАШКОВСКА НАЈАВИ МОДЕРЕН МИНИ ПАРК НА ЈУОВЕЦ И УШТЕ НЕКОЛКУ КЛУЧНИ ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ.
октомври 05 21:24 2021

Кандидатот за градоначалник на Берово од ВМРО-ДПМНЕ, Елеонора Рашковска, во својата програма најави изградба на мини парк во месноста Јуовец, а исто така во нејзината програма се предвидени, поставување на електронски информативни киосци за туристите како и уште неколку проекти од областа на туризмот.

МОДЕРЕН И АТРАКТИВЕН ЛОКАЛЕН ТУРИЗАМ!

ИЗГРАДБА НА МИНИ ПАРК ВО М.В. ЈУОВЕЦ Изградба на мини – парк во месноста Јуовец, со пешачка патека и велосипедска патека до него, со дрвени маси и клупи за седење на посетителите, со обезбедени места за правење на скара на отворено.Извор на финансирање: Буџет на општината.

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ САЕМИ Развој на алтернативни спортови и промоција на здрави животни навики преку организирање на саеми за малешевски компир, малешевска слива, малешевски мед и други здрави традиционални производи од малешевијата.Извор на финансирање: Буџет на општината

ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛОКАНИОТ ТУРИЗАМ Квалитетен одржлив развој и промоција на туристичката понуда која ќе вклучува и локално организирани туристички настани и понуди заедно со локалните угостителски објекти. Воедно ќе ги поттикнува и координира сите туристички организации и други даватели на такви услуги кои придонесуваат за развој и квалитативно издигнување на туристичката понуда, се со цел унапредување и промоција на туризмот во Берово.Извор на финансирање: Буџет на општината

ПОСТАВУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТИВНИ КИОСЦИ ЗА ТУРИСТИТЕ Електронски информативните киосци за туристите ќе служат за информирање и лесно пронаоѓање на туристичките места. Овие информативни киосци се во насока на подобрување на туристичката понуда и привлекување на туристите. Извор на финансирање: Меѓународни финансиски институции.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.