ЕКСПЕРТИ ОД СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ МУ ПОМАГААТ НА БИЛ ГЕЈТС ПРИ ЧИПИРАЊЕТО.

ЕКСПЕРТИ ОД СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ МУ ПОМАГААТ НА БИЛ ГЕЈТС ПРИ ЧИПИРАЊЕТО.
мај 03 17:35 2020

Огромно признание за добрата работа на двете наши најголеми политички партии пристигна од САД, откако милијардерот Бил Гејтс побарал од нивните лидери да испратат свои експерти за да му помогнат со чипирањето на населението на планетата Земја.

Светските медиуми јавуваат дека во конкуренција на партиски војници и потрчковци од целиот свет, нашите примероци се покажале како најспособни и најефикасни, па милијардерот одлучил тие веднаш да бидат ангажирани и испратил приватен авион за да ги донесе во седиштето на Мајкрософт.

Како што дознаваме, Бил бил импресиониран од нивните познавања од областа на чипирањето и фактот што, иако користеле застарени методи, сепак успеале да чипираат огромен процент од својот народ, без притоа некој да се побуни или да крене глас против.

Автор: Иљче

Извор:kooperacija.mk

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.